Авиопревозниот EasyJet воведува флота од електрични авиони

Авиопревозниот EasyJet

Авиопревозниот EasyJet, вети дека ќе развие флота од електрични авиони. Оваа флота до 2030 година ќе ги покрие рутите на кратките летови. Ваквиот потег ефикасно ќе го редуцира ослободувањето на јаглерод диоксид во воздухот, а ќе ја редуцира и бучавата што ја создаваат нивните авиони.

Авиопревозниот EasyJet

Патниците кои се загрижени за влијанието на воздухопловот врз животната средина, наскоро ќе имаат можност да се одлучат за еко – пријателска алтернатива.
Овие авиони ќе бидат лишени од непотребните луксуз и комфор. За производството на ваквите авиони авиопревозниот EasyJet ќе соработува со производителот на авиони – Wright Electric. Со оваа соработка е планирано да се воведат електрични авиони за летови кои траат помалку од два часа.

Основана во 2016 година, Wright Electric веќе има произведено електрични авиони со две седишта, а следната година планира да произведе авиони со 9 седишта. Ако успеат да го патентираат својот изум, овој вид авиони наскоро би можеле да се користат за попопуларни патувања.

Авиопревозниот EasyJet

“Од авион со две седишта кој постои веќе неколку години, до авион со девет седишта, кој ќе лета следната година. Со ова електричните летови постануваат реалност и сега веќе може да се предвиди воздухопловната иднина. Иднина која нема да биде зависна исклучиво од авионското гориво.” – изјави извршниот директор на EasyJet  – Johan Lundgren.

Wright Electric предвидува дека електричните авиони ќе бидат до 50% потивки и 10% поевтини од традиционалните авиони.
Претседателот на управата на Wright Electric – Џефри Енглер кажува: “Ние сме многу возбудени околу сето она што следи следната година. Авиопревозниокот EasyJet се покажа како фантастичен партнер. Затоа со нетрпение очекуваме да помогнеме во воведувањето на еко пријателска авијација во Европа”.

Авиопревозниот EasyJet

Со оглед на континуираниот раст во цената на авионското гориво, многу авиокомпании ќе побараат начин за намалување на бучавата и патните трошоци.
Неколку големи инженерски фирми, исто така, работат на електрични авиони. Останува само да се види со која брзина светот уште еднаш неповратно ќе се промени.

Izvor: CNN

Travel Advisor – business

Посетете го нашиот YouTube канал.

Каде туристите најмногу трошат пари

До 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот

Пет најубави места за патување периодот