„ Côte d’Azur“- Францускиот дел од убавината

Француската ривиера (позната на француски како Азурниот брег ( Còsta d’Azur ) е медитеранското крајбрежје на југоисточниот агол на Франција.„ Côte d'Azur“- Францускиот дел од убавината

Не постои официјална граница, но обично се смета дека се протега од Касис или Тулон на запад до границата Франција-Италија на исток, каде што се приклучува италијанската Ривиера.„ Côte d'Azur“- Францускиот дел од убавината

Брегот е целосно во регионот  Provence-Alpes-Côte d’Azur во Франција. Кнежеството Монако е полу-енклава во регионот, опкружена од три страни од Франција и  Медитеранот.„ Côte d'Azur“- Францускиот дел од убавината

Продолжуваме понатаму во посета на монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer.„ Côte d'Azur“- Францускиот дел од убавината

Најубавата Руска православна црква надвор од Русија  се наога на Азурниот брег.

„ Côte d'Azur“- Францускиот дел од убавината

Понатаму по Азурната обала предлагаме да се посетат  Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез.Тука  мораме да напомнеме да се посетат океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини, патеката на F1. Посетата на Монте Карло и неизбежната посета на познатите коцкарници.„ Côte d'Azur“- Францускиот дел од убавината

Некои податоци поврзани со туризмот на француската ривиерата во 2016 година:

Повеќе од 14 милиони туристи
52% од клиентите од странство
65 милиони ноќевања
Потрошени 5 милијарди евра
75.000 работни места; туризмот е 18% од вкупната вработеност во Alpes-Maritimes.
3 милиони посетители на музеи и споменици
Повеќе од 45% од туристите доаѓаат со авион

 

 YouTube

Travel Advisor

Комплетен аранжман за Велигденските празници низ Азурниот Брег во Т.А.Атлантис

Париз низ призма на уметноста и „Moulin Rouge“

Рим за почетници

Јадран „нашо море“, Хрватите наши луѓе