Античкиот град Стоби

Античкиот град Стоби – “Stobis, vetus urbs”, како што го нарече римскиот историчар Ливи, на сливот на реките Црна и Вардар, бил најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија. Подоцна бил назначен за главен град на римската провинција Македонија Секунда. Бил важен урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две големи империи: Римска и рана Византиска Империја. Сместен во срцето на Македонија, на раскрсницата меѓу Егејскиот свет и Централниот Балкан, во текот на целиот период на своето постоење е место каде културните достигнувања на древниот свет се собираат на уникатен начин.

Античкиот град

Центарот на античкиот град Стоби бил изграден во хеленскиот период. Некое време пред владеењето на македонскиот крал Филип Петти. Се наоѓал 160 км од Солун на главниот пат Виа Игнација. Поради неговата локација, Стоби бил важен армиски, стратешки, економски и културен центар во времето. Благодарение на бројните историски и литературни документи и археолошки наоди од темелно истражување направено во областа, постои комплетна урбана слика на Античко Стоби. Оваа слика за неговата архитектонска структура и организација на животот, зборува за високо развиено урбано општество со високо ниво на културен развој.

Античкиот град

Со оглед на овие факти и според некои дополнителни извори, почетоците на  античкиот град Стоби биле многу порано, во VII и VI век п.н.е. Некои бронзени предмети откриени овде, датираат од античките времиња вклучувајќи керамички наоди. Тие укажуваат на живот во него уште од неолит и IronAge. Градот бил развиен во раниот и среден римски период, е местото каде што се направени монетите со знак “Municipium Stobensium”. Исто така, тука се произведени и монети “денар”. Пронајдени се исто така бројни споменици со натписи и згради, кои се единствени за нивната убавина. Ваквите споменици и градби сеуште се ископуваат.

Во Стоби се забележани голем број на култни претстави на божества од грчко  римскиот пантеон: Аполон и Артемида, Асклепиј, Дионис, Немеза, Зевс, Тихе, Афродита, Хигија, Телесфор… Се работи за бронзени и мермерни статуи, или пак за релјефни претстави на мали камени икони. Исто така, откриени се и многубројни примери на архитектонска камена пластика од раноримските храмови. За жал, археолошките ископувања сè уште го немаат откриено ликот на раноримскиот град. Затоа и денес немаме репрезентативни сочувани објекти од ова време, со исклучок на две-три градби, меѓу кои се истакнува театарот.

Античкиот град

Стоби денес претставува познат археолошки локалитет. Остатоците на овој надалеку познат археолошки локалитет се еднакво лесно пристапни од меѓународниот автопат Е-75. Ова го прави Стоби мошне популарна туристичка дестинација во Македонија. Ноќната илуминација на градските ѕидини и откриените градби дополнително ја нагласуваат неговата атрактивност и убавина.

Извори на текст и слики: Извор1, Извор2, Извор3.

Посетете го нашиот Youtube канал.

Запознајте ја Македонија – интересни факти

Селото Куклица и скаменетите свадбари

Декември во Европа – места кои треба да ги посетите