Балоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее

Балоните во Кападокија се едно од најдобрите искуства во Турција. Без разлика дали имате искуство за летање со балони или не, се е многу едноставно.

 

Најдобро е да се разбудите пред зората додека е се уште темно, бидејќи најдоброто доживување е да го дочекате утрото на балон. Дневно со балони летаат околу 2000 туристи. Пред летот има кратки упатства за тоа како треба да се однесуваат туристите за време на летот или во случај на незгода.

Организаторите даваат појадок пред летот на самото место на собирање. Цената за летот со балон е различна зависи од нивото на услугата. Основната цена е 100 долари по човек и вклучува пренос од хотелот, колачи и кафе и место во кошницата на балони, во која собира максимум 28 луѓе. Летот трае околу 45 минути. Колку повеќе е повисока цената толку е побогата и услугата: летот трае подолго, појадокот е подобар и кошниците се помали, односно имате полуксузна услуга.

Самиот лет е навистина нешто посебно и несекојдневно. Со повремен оган кој го загрева воздухот, балонот лети околу карпите на Кападокија. Балоните во Кападокија се искуство за кое вреди да се оди, да се стане рано и да се доживее. Но, треба да бидеме свесни и за разликите во временските услови. Кога има јак ветар или дожд балоните не летат. Најдобро годишно време за да се посети Кападокија е Пролет или Есен. За Кападокија имаат слушнато веќе многу туристи и од ден на ден станува се популарна дестинација. Оние кои сеуште не биле, а сакаат да ја посетат Кападокија може да се осигурат дека патувањето е сигурно, дека нема никакви недоумични ситуации, агресии и дека патниците ќе се чувствуваат безбедно.

Всушност веќе има премногу туристи. Повеќето се од Азија. Од Европските земји најзастапени се туристите од Германија и Франција. До Кападокија се стигнува со авион преку компанијата Тurkish Airlaines. Летот се одвива преку Истанбул. Се лети преку градовите Невсехир или Кајсери. Од таму трансферот до хотелот е 5 до 10 евра по лице до градовите Гореме, Ортхисар, Ургуп или некој друг.Балоните во Кападокија се доживување за препорака.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Плажата Кута – Занимливости и кратко видео

Идеална дестинација според хороскопскиот знак

Втора по големина зграда во светот