Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

Банско Пиринскиот бисер е фасцинантна симбиоза на историјата, традицијата  и културата.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

 

Со сето она што посетителите можат да го најдат тука – стара архитектура, фолклор, древна култура, сочувана традиција и обичаи, уникатна кујна, неверојатен локален хумор ,разновидни планински пејсажи и прекрасни патеки зa пешачење.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

Банско Пиринскиот бисер претежно го покрива најубавиот дел на планината Пирин, делови од котлината на Разлог и живописната Моминска клисура . Банско зафајќа  површина од 49.621 хектар.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

 

Климата е континентална со медитеранско влијание и во планинските области. Летото е кратко и свежо, а зимата е снежна, мека и долга. Просечната температура во јануари е – 1,9 степени целзиусови, снежната покривка на ски-теренот трае во просек шест месеци во годината, а летните температури се од +25 до +35 степени целзиусови. Природата е најголемото богатство на општина Банско. Во 1962 година, Управата за заштита на природата го прогласи Вихрен како најубав дел од Националниот парк “Пирин”.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

 

Во 1974 година тој е проширен и преименуван во Национален парк “Пирин”.Oвој мал дел од Банско Пиринскиот бисер, ги вклучува во себе вековните бело-смрекови области,старите борови шуми , остри планински врвови и смарагдни езера. Поради оваа уникатна природа Националниот парк” Пирин “е признат за област од светска важност и по мислење на УНЕСКО од 1983 г.е вклучен во Конвенцијата  за заштита на светското културно наследство.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

Блиску до Банско се наоѓа Добриниште каде има  скијачки центар , лифт со седишта, добри ски-патеки, таверни и соодветни хотелски објекти. Минералните извори во населбата имаат влијание врз развојот на бањскиот туризам.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

Банско се наоѓа на 925 метри надморска височина. Тоа е 150 километри одалечено од Софија и 150 километри од Пловдив, 60 километри од Благоевград и 40 километри од Гоце Делчев.

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

Во општината Банско поминува пругата Добриниште – Септември, која има врска со железничката линија Софија Пловдив . Дванаесет километри асфалтиран и реновиран пат Банско – “Вихрен”. Лифт со кабини го поврзуваат градот со повисокиот дел на планината и ски-областа. До Банско има редовни автобуски линии од автобуската станица до централната автобуска станица во Софија и околните градови.Цела година туристичкиот оператор Атлантис (http://www.atlantis.mk/mk/index )нуди комплет понуди за сместување  кои вклучуваат и превоз. Најблискиот аеродром е 150 километри во Софија.

Travel Advisor – Travel

10 Совети за патување што треба да ги знаете

Национален музеј на Босна и Херцеговина

Зошто ја сакаме Ибица