Слика во оквир – Барселона

Слика во оквир - Барселона

 

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно.Слика во оквир - Барселона

 

Вистинско уживање е прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт.

Слика во оквир - Барселона

Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

Слика во оквир - БарселонаНаправете панорамска прошетка низ Барселона: плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамил, Готскиот кварт.

Слика во оквир - Барселона

Аквариумот  – е еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа.  Искористете го слободното  време за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ . Во вечерните часови ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани.

Слика во оквир - Барселона

Предлагаме  мал градски „излет„ за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнете со посета на паркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона.Слика во оквир - Барселона

Слика во оквир - Барселона

Секако за да се спознае вистинската култура на Шпанија ви препорачуваме да го посетете комплексот  „Шпанско село„ кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.

Слика во оквир - Барселона

Ви препорачуваме секако да поминете една фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу.

Посетата на паркот Цитадела и Зоолошката градина , сместена во централниот парк на Барселона, представува една од најголемите и најпосетени атракции со преку 1 милион посетители годишно.Слика во оквир - Барселона

Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила во светот. Оваа зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и мали и претставува забава за цела фамилија.

Слика во оквир - Барселона

Travel Advisor– Travel

YouTube

 

Виена 2019 уметност на убавината

Најдобрите населби за престој во Рим

10 Совети за патување што треба да ги знаете