Подарок за оние кои често патуваат

Подарок за оние кои често патуваат

Се ближи времето на празниците и подароците. Дали сакате да му подарите нешто на некому кој најмногу од се сака да патува? Еве ги нашите идеи за подароци кои би му се допаднале на секој патувач, а на кои не би потрошиле многу. 10 предлози за божиќен подарок за патниците:

Компас

Никогаш не се знае кога компасот може да ни затреба, мал е и не зазема многу простор, а може да биде од голема корист. Идеален божиќен подарок за авантуристите и патниците кои сакаат да останат надвор од големите градови и во природа. За оние патници кои сепак преферираат да се држат на сигурна средина ќе биде интересна декорација и потсетник за патувањата што поминале и оние што следат.

Убава тетратка или бележник

Оние кои сакаат да ги запишуваат искуствата од патот, една обична тетратка лесно ќе ја претворат во дневник за патување. Овој дневник ќе претставува прекрасен спомен. Исто така ваквиот бележник може да послужи за запишување на корисни информации што би можеле да бидат потребни за време на патувањето.

Подарок за оние кои често патуваат

Пегла за патување

Без разлика дали ја подарувате некому кој често патува поради работа или пак задоволство, секогаш е добро да има испеглана облека. Во куфер, алиштата едноставно мора да се изгужват, а мала пегла за алишта е одличен и практичен божиќен подарок.

Перничка за патување

Без разлика дали е на надувување, со песок, мемориска пена или хелиум, и без разлика на формата, претставува одличен божиќен подарок. Изберете ја онаа што мислите дека најдобро ќе одговара на оној кому ја подарувате. Сите ние имаме потреба додека сме на пат и да отспиеме, а во некои ситуации без ваквата перничка тоа би можело да биде прилично тешко.

Подарок за оние кои често патуваат

Звучник

Звучникот, како и слушалките и тоа како е многу добар подарок. Звучникот би овозможил исклучување од остатокот од светот, како алатка за слушање на омилената музика или аудио книга за време на патувањето. Има многу опции, зафаќа мал простор и го прави секое патување вистинско задоволство.

Книга

Добра книга понекогаш е најдобриот придружник за патување. Тоа ќе го скрати времето на чекање на аеродромите, ќе го направи долгиот лет забавен или едноставно ќе биде добро друштво кога сакате да се релаксирате за време на патувањето. Интересна книга за некоја нова дестинација ќе ја разбуди имагинацијата и ќе биде инспирација за следно патување и нова авантура.

Подарок за оние кои често патуваат

Чадор на преклопување или мантил

На временските услови ние не можеме да влијаеме на никаков начин, но затоа пак можете еден дождлив ден за време на патувањето на вашиот пријател да му го разубавите подарувајќи му чадор на расклопување или мантил за дожд. Подарок кој е многу практичен.

Подарок за оние кои често патуваат

Шише за вода

За тоа колку е ова добар и корисен подарок не треба многу да се пишува. Без разлика дали тоа е убаво шише што секој патник дефинитивно ќе го користи додека патува, или обично шише кое патниците авантуристи ќе го искористат во сите околности, особено кога не се сигурни за квалитетот на водата во местото во кое се наоѓа. Ова е нешто што мора да се има на секое патување!

Паричник

Убав и практичен паричник е од суштинско значење кога патувате. Добро организирани документи, картичките и парите секогаш ќе бидат безбедни и на дофат. Земете предвид дека оној кому го подарувате ќе се сети на вас секогаш кога ќе го земе во рака, а во овој случај тоа сигурно ќе биде секој ден. И тоа неколку пати.

Козметички сет за патување

Гломазните несесери за препаратите за нега и хигиена се многу несоодветни за патување, особено кога сте ограничени од тежината на багажот или пак сами треба да го носите. Овој божиќен подарок ќе биде добар за секој патник.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Идеална дестинација според хороскопскиот знак

Декември во Европа – места кои треба да ги посетите

Божиќни саеми во Европа