Божиќ во Шибеник – празнична гастро авантура

Божиќ во Шибеник

На почетокот на Божиќ во Шибеник започнува и уникатна гастро авантура. Во Шибеник Ве очекува раскошен гастрономски Декември! Божиќна гастро авантура.

Божиќ во Шибеник

Покрај веќе докажаните јадења како што се домашните колбаси, свинско месо, ќебапи, колачи … за време на Божиќ во Шибеник се спрема и низа од кулинарски изненадувања, така што посетителите можат да уживаат во изборот на пити, тортилји со сланина и сирење, а ќе бидат презентирани и некои специјалитети од американската кујна. Новост ќе биде десерт базиран на пиво – biramisu.

Божиќ во Шибеник

Хит меѓу колбасите повторно ќе бидат Шибенските колбаси. Тоа е колбас кој традиционално се служи во Шибеник за време на Божиќната вечера – а може да се каже дека ова е вистински Божиќен колбас, своевиден гастро уникат. Овие колбаси во Шибеник се произведуваат веќе 300 години. Оригиналниот рецепт е модифициран со текот на времето, и  се додадени четири нови состојки. Интересното е дека за овој рецепт не смеете да прашувате, дури ни по цена на животот.

Божиќ во Шибеник

Еднакво богат ќе биде и изборот на пијалоци – почнувајќи од понудата на локални вина и пива па се до топла ракија и зимски коктели, греено вино и џин, секој ќе најде нешто по свој вкус!

Љубителите на благото, исто такла не се одминати затоа што се подготвува традиционална FRITULADA – кулинарско натпреварување во подготовка на овие вкусни Божиќни слатки. FRITULADA е поврзано со традицијата на прославување на празникот “Osmine” или “Прослави”, вековниот верски обичај што почнува една недела пред Божиќ во Шибеник, со полноќно ѕвонење на сите црквени ѕвона. Обичај кој во Шибеник е зачуван се до денес.

Божиќ во Шибеник

Освен во традиционалните десерти, гостите оваа година ќе бидат во можност да уживаат во француските macaroons во форма на Дедо Мраз и снешко, холандски палачинки, торта со рогач и портокали, princess крофни со фил од костени, особено интересна верзија ќе биде онаа со фил од Baileys .

Додека возрасните уживаат во прекрасните празнични ароми и вкусови, најмладите посетители можат да уживаат во посебна мини – верзија на ова случување. За нив се организираат брилијантни претстави, различни креативни програми и работилници, а најголемиот дел ќе се одржи во галеријата на Матијас.

Божиќ во Шибеник

Зошто да го посетите Шибеник овој месец?

Богатството од мириси и вкусови, едноставната подготовка и користењето само свежи состојки се основните карактеристики на вкусната кујна на Шибеник.

Не ја пропуштајте оваа авантура, бидејќи ќе  имате можност да вкусите на самото место, многу вкусна храна подготвена со љубов. Во Шибеник, не само туристи се загрижени, но големо внимание се посветува на локалните гости. Ако се најдете во Шибеник или околината би било штета да пропуштите да ги пробате вкусните деликатеси кои чекаат на вас во срцето на Медитеранот.

Затоа се гледаме во Шибеник!

Фотографии: http://www.sibenik-tourism.hr

Извор: explorecroatia.eu

Посетете го нашиот YouTube канал.

Зимската магија во Кутина – откријте ја оваа зима

Магичниот Божиќ во Дарувар

Божиќни саеми во Европа