Болоња & Парма & Модена & „Ferrari“

Болоња & Парма , Модена & „Ferrari“

 

Болоња е  главен град на покраината Емилија-Ромања во Италија. Најпознат е по најстариот Болоњски универзитет во Европа, а воедно го нарекуваат и град на гастрономијата. Стариот дел на Болоња е препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Како стар универзитетски град тој и понатаму е мета на многу студенти поради неговата традиција и културното богатство. Во овој град денеска студираат околу 100.000 студенти или четвртина од градското население. Стариот дел на Болоња е под заштита на Унеско.

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Емилија-Ромањанајбогат меѓу 20-те италијански региони и еден од најразвиените региони во Европа – спој од две провинции, Емилија и Ромања, во долината на реката По. Искористете ја можноста да ги посетите овие региони – Болоња, Модена, Парма, Ферара, Комакио.

Emilia-Romagna

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

 

Центарот на градот се состои од два идентични плоштади Маџоре (piazza maggiore) и Нептуно (Neptune).

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Црвеникавите градби и левичарската репутација на Болоња му го донеле прекарот ”La Rossa” (Црвена). Поради својата богата кујна се здобил со прекарот “La Grassa” (Дебела). Овде ќе споменеме уште неколку знаменитости во Болоња а многу повеќе ќе видете ако се одлучите да ја посетете : базиликата San Petronio, Универзитетот, Due Tori, Палатата Банки (Palazzo dei Banchi), Палатата Нотаи (Palazzo dei Notai), Палататa Акурсио (Palazzo d’Accursio), Плоштадот Маџоре (Piazza Maggiore) и секако да се проба оригиналниот сос за паста кој го носи нејзиното име.

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Модена и Парма. Модена е позната  како родното место на големиот тенор Лучијано Павароти, и исто така е позната како “престолнина на автомобилите”, бидејќи тука се наоѓаат фабриките на најпознатите италијански производители на автомобили, како што се Ферари, Пагани, Масерати и Де Томасо.

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Torre della Ghirlandina – кула која е симбол на ривалството меѓу Модена и Болоња.

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Кога сте веке во Модена репорачуваме посета на музејот на Ферари или музејот “Aceto balsamico”. Парма е втор по големина град во провинцијата Емилија-Ромања, кој е најпознат по производство на познатото сирење пармезан и Парма шунката.

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Во оваа област е градот Ферара кој во 16-от век бил еден од најголемите центри на уметноста во Италија, пред се во сликарството и музиката ,за тоа сведочи и тоа што денеска е под заштита  на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби, меѓу кои  посебно се истакнува замокот на аристократското семејство d’Este. Кога сте во негова близина посетете го  местото Комакио (Comacchio).

Болоња & Парма , Модена & „ Ferrari“

Комакио е живописно рибарско гратче во делтата на најголемата италијанска река По. Изграден е на околу десет мали острови кои меѓусебе се поврзани со мостови со многу необичен изглед, па тоа е причината зошто многу луѓе го нарекуваат “мала Венеција.” Посетата на регионот Емилија-Ромања почнувајќи од Болоња па сите градови кои досега ги опишавме сигурно нема да ве остават рамнодушни а секако понесете си и поквалитетен фото-апарат сепак е тоа областа на Ферари.

посетете гоYouTube каналот

Travel Advisor – Europa

Повеќе информации за целосни аранжмани .

Метеора , духовноста на врвот

Некои од најфотографираните места во светот

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата – Милано