Бразил ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Бразил е голема земја и има се од сите области. Таа е речиси иста ,по големина како САД и малку поголема од Австралија. Додека голем број туристи се запознаваат со помалку познатите делови од Австралија или САД, туризмот во Бразил е главно заснован на триаголник на Рио, Сао Паоло, Игуасу Фолс. Бразил – земја со историја, стил, гламур и легендарни плажи.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Бразилските експерти велат дека има подобра услуга за посетителите во североисточниот дел на Бразил. Историски гледано, ова е областа која најпрво ги привлече првите европски истражувачи.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Салвадор беше првиот населен град во Бразил и негов прв главен град. Сега е главен град на државата Баија. Во стариот дел на градот, ќе бидете изненадени од богат спектар прекрасни згради во стил што ме потсетува на Португалија. Неверојатни се куќите насликани во речиси секоја нијанса на пастел.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Има влијание од повеќе Европски култури, но и од Африка. Африканското влијание е доста силно овде. Тоа се гледа во богатото, зачинето готвење и карневалскиот ритам на оркестарите со тапани.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Ако барате сонце и песок, северно од Ресифе, главниот град на североисточната држава Бразил, Пернамбуко се прекрасните островчиња и полуострови. Посетете го и Стариот Ресифе.Овој остров во близина на пристаништето – е срцето на музиката на градот и алтернативната културна сцена. Постојат некои убави историски градби во стариот градски центар, кој датира од 16 век.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Чудесната плажа Boa Viagem лежи околу четири милји далеку од градот. Шеталиштето е на пет милји, со високите специфични  згради, е многу посакувана дестинација. Boa Viagem се смета за најдолг дел од уредените песочни плажи во Бразил.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Ова е една од најпопуларните плажи во Јужна Америка, веројатно привлекувајќи повеќе луѓе отколку дури и плажата Копакабана. Секоја вечер, плажата Боа Виагем е осветлена, овозможувајќи пливање под ѕвездите и привлекувa многу млади луѓе.

Брази ,Земјата со историја, стил, гламур и легендарни плажи

Кога португалците и шпанците направија линија за поделба на она што тие го сметаа за  Јужна Америка, тешко дека можеа да претпостават колку е навистина голема таа земја. Бразил – земја со историја, стил, гламур и легендарни плажи.

Travel Advisor – Europa

YouTube

Здрава храна и кога патувате

Познат е и како „Златна Прага„

Запознајте ја Македонија – интересни факти