Travel AdvisorTravel Advisor

Вал Торенс – ресорт каде среќата е филозофија

Во Вал Торенс среќата е филозофија која доаѓа во сите облици и големини и тоа од 18-ти Ноември до 8-ми Мај. Од 2012 година, Вал Торенс е посветен на тоа одморалиштето да стане место каде што благосостојбата и престојот ќе достигнат највисоко ниво.

Секоја година ова одмаралиште бара стручни совети, со цел да ги оспособи и обучи своите вработени за тоа како да создадат позитивен впечаток кај клиентите. Во изминатите 8 години, тимовите за одржување на одморалиштето инвестираа повеќе од 230,8 милиони евра за реновирање и проширување на ски-лифтовите. Беа инволвирани скијачки услуги и забавни зони во ски областите.

Одморалиштето го дизајнира методот My Serenity со помош на експерт за управување со стрес, д-р Philippe Rodet, кој покажа дека тука повеќе од било кое друго место, постојат сите состојки потребни за отстранување на стресот и за достигнување на чувството на ревитализација. Овој метод се состои од врвни совети за постигнување на благосостојба. Достапен е на секој кој сака да ги искористи сите бенефиции од престојот во Вал Торенс.

Дигитализацијата игра улога во секој сектор од Вал Торенс. Целта е технологијата да го подобри престојот на клиентите во целина.

Во Вал Торенс, се веруваат дека одморалиштето на иднината ќе биде она кое ќе биде способно да создаде уникатни врски меѓу своите клиенти, локалните жители и животната средина. Вал Торенс е лидер во однос на дигиталната трансформација.

Овде не очекувајте да најдете историска архитектура. Одморалиштето постои само 46 години. Сепак, тоа значи дека можете да ги слушнете сите тамошни најдобри приказни со тоа што ќе се запознаете со локалните жители како: Aurélie Rey во нејзиниот бутик – ресторан Alpen Art, Marc Gorini во неговите Pashmina и 3 Vallées хотели, или Grand Guy во неговиот montagnette.

Во Вал Торенс се организираат голем број на забавни случувања. Од Grand Première со која се назначува почетокот на сезоната, па се до последниот ден на скијање.
Во Вал Торенс има 55 ресторани, 1 ресторан со Мишелин ѕвездички, 12 ресторани покрај терените, 3 ресторани наградени со титулата “Master Restaurateur”, кои постојат за да ве однесат на гурмански пат.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Val d’Isere – најдоброто скијалиште за време на лето

Ски центар Valfréjus – забава за сите

Скијачки центар Tignes

Previous articleСкијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава
Next articleПетте најпознати градби во Милано