Атина , историски времеплов

Една од најубавите и блиски дестинации која можат туристите од Балканот да ја посетат а при тоа да бидат задоволни од атмосферата на виртуелен времеплов поминувајќи за неколку дена места од старата антика ,раното и византијското христијанство па до најмодерните структури во сите области на општеството е Атина еден од најубавите градови на средоземјето.

Велигден во велеград , Атина

Откако ќе дојдете во Атина ви предлагаме панорамска прошетка  на еден од најзначајните градови во светот. Атина е призната како центар на културата и уметноста во времето кога повеќето европски метрополи сеуште биле во фаза на развој или во поранешниот историски период некои од нив сеуште не биле основани.

Велигден во велеград , Атина

Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – местото на одржување на првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, главните градски плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина.

Велигден во велеград , Атина

Секако посетете го и бисерите на Атина – древниот Акропол со прекрасните храмови: божицата Ника, Партенон и Еретеон.

Велигден во велеград , Атина

Велигден во велеград , Атина

Кога сте веке во близина неизбежна е посетата на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море).Велигден во велеград , Атина

Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар).

Велигден во велеград , Атина

гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).

Велигден во велеград , Атина

Овде во локалните таверни може да си приуштите мал одмар и добар оброк со добро грчко вино, како и посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика.

Велигден во велеград , Атина

Како една од знаменитостите на Атина е и историското сега можеби најсофистицирано пристаниште на егејот Пиреја – најголемото пристаниште во Грција.

Велигден во велеград , Атина

На западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров – р`тот Сунион, на кој се издигнуваат прекрасните остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон.

Велигден во велеград , Атина

Travel Advisor : патувања

посетете го YouTube

За комплет аранжмани за предстојните велигденски празници информирајте се овде

„Колосалниот„-Родос

City Break ,City Break ,City Break …

Виена 2019 уметност на убавината