Велигден на островот Крф

По пристигнувањето на пристаништето Игуменица може малку да прошетате чекајќи го ферибродот кој е релативно точен . После сместувањето и другите процедури и краток одмор ви предлагаме да го посетите стариот град Крф.

Велигден на островот Крф

Во петок е денот на Христовото срадање меѓу народот познат како „црн петок„. Покрај безбројните туристи, хорови кои го опејуваат страдањето создаваат атмосфера која го доловува емотивно овој тажен настан. Атмосферата е подкрепена и од повеќето  оркестри кои свираат посмрти маршеви од светски познати композитори…тагата е чуството кое се осејќа во целото место.

Велигден на островот Крф

Денот пред велигден можете  со автобус да заминете кон главниот град Крф каде што ќе се следи свеченоста по повод Велигден и традиционалното фрлање на ќупови. Точно во 9ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон).

Велигден на островот Крф

Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат  патот на Светецот. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови.

Велигден на островот Крф

Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е  да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година.

Велигден на островот Крф Во 23, 30 ч сите се собираат на плоштадот Спианада за да присуствуваат на Литургијата. Од црквата Св. Параскева се изнесува осветената свеќа, од која сите носат оган. На полноќ празникот се одбележува и со уникатн огнометно шоу. Во текот на 20 минути небото е осветлено од голем огномет, кој се огледува  во водите на Јонското Море, додека музиката на трите филхармонии се спојува со свечените звуци на црковната песна-откривајќи го Воскресението Христово. Во 1 ч. по полноќ враќање кон домовите.

Greece Paleokastritsa (Палеокастрица)

Велигден на островот КрфДоколку сте во можност кога сте веќе на островот посетете го местото Палеокастрица.Тука се произведува прочуеното слатко од мали јапонски портокали и ликерот Ком Куат. Има и убав манастир кој е изграден пред 13 века,стара архитектура. Бидејки островот особено интересните места се релативно блиско ви предлагаме да го посетете дворецот на австриската принцеза Сиси – Ахилио, посветен на грчкиот јунак Ахил. Палатата се наоѓа во селото Гастури. Изградена е од Австро-унгарската императорка, познатата принцеза Сиси, која палатата ја користела како своја летна резиденција. Денес палатата е прекрасен музеј, со уредени градини, скулптури, слики и други уметнички дела.

Велигден на островот КрфИма уште многу , многу знаменитости на убавиот Крв посетете го и искористете ги педностите на пакет аранжманите на Т.А. Атлантис

Travel Advisor

YouTube

Познат е и како „Златна Прага„

Балоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее

Втора по големина зграда во светот