Велики Петок … тешкиот пат кон љубовта

Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

На ваков тежок ,на ваков симболичен ден за Христијаните, иако овие текстови се наменети за патниците сепак не можев да останам без зборови.Впрочем за еден следбеник на Исуса и нема посветол пат од патот кон Израел , патот кон Назарет ,патот кон Ерусалим.Местата кои секој сака да ги посети оти во нас будат посебни чуства и емоции иако Господ Исус Христос е сеприсутен ,во секоја наша молитва во секоја наша чиста мисла во љубовта чиста.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Денешниот ден е еден од најтешките но можеби и најсимболичните денови за Христијаните ,ден на тага , мака, суровост , симбол на нечовечноста кај лугето ,симбол на привидната победа на неправдата над правдата,симбол на смртта Исусова. Но во исто време е и симбол на надежта на воскреснувањето на верата во Исуса и љубовта за која цел свој живот на земјата зборувал и денес врз луѓето несебично ја истура.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Велики Петок — ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Одлуката за погубување на Христос на Велика Среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал “Распни го! Распни го!”.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Затоа откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес по 2000 години, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук. Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Покрај крстот останале Богородицаапостолот ЈованМарија Магдалена и уште неколку жени. Нема и скаменета од болка го гледала Богородица безживотното тело на својот син.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Јосиф од Ариматејаотишол кај Пилат и го замолил за дозвола телото на Исус да го симнат од крстот и да го погребаат. Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото.Велики Петок ... тешкиот пат кон љубовта

Понатаму оставам без зборови мудроста да се шири кон сите вас и сите пораки што Исус ни ги оставил да ги следиме и почитуваме …. а најмногу од се ЉУБОВТА.

Travel Advisor – Travel

Запознајте ја Македонија – интересни факти