Венеција наскоро со влезници

Венеција наскоро со влезници

 

Градот  Венеција зафаќа површина од 414 квадратни километри со густина на население од  околу 630 жители по к.к. По големина е 11-ти по ред град  во Италија. Во градот  живее 271.000 локално население.

Туризмот е главната економска гранка. Иако дел од граѓаните не се воодушевени од навалата на туристи и повеќе би сакале да биде градот само за нив, сепак тешко е да се избегне фактот дека туризмот е главниот извор на приходи. Годишно Венеција ја посетуваат околу 20 милиони туристи со постојано зголемување на бројката од година во година. Годишната добивка по жител е помеѓу 35.000 за младите и 65.000 американски долари за постарите жители на градот.
Венеција наскоро со влезници

Еден од главните проблеми, но и уникатност на градот е јавниот превоз. Нема улица, нема автомобили, автобуси или трамваи и цел сообраќај се одвива на вода. Венеција е различна од било кој град во светот. Ако сакате да го истражувате градот најдобро тоа е да го направите пешки за да ги прошетате  улиците и мостовите кои водат до извонредни мали плоштади. За превоз низ градот на располагање имате вапорети (водени автобуси), траекти, такси на вода и гондоли. Јавните служби како што се комуналната служба, полицијата и итната служба користат бродови.Венеција наскоро со влезници

Повеќе од 600 крузери годишно ја посетуваат  Венеција. Се прават планови во иднина да се наплатува дневна такса за еднодневните туристи при што би се собирале околу 50 милиони евра годишно што би биле употрбени за комуналните служби и полицијата бидејки сообраќајот по воден пат низ Венецијанските канали е многу поскап отколку класичните превозни средства кои се користат во другите градови.
Венеција наскоро со влезници

 

Можеби оваа малку непопуларна мерка за посетителите ќе иницира реакции кај туристите кои сакаат да го посетат овој уникатен град на вода но сепак и самиот град ќе се заштити од масовниот туризам кој почна да го гуши градот на штета на неговите граѓани.

Travel Advisor – Alpe Adria

Posjetite naš YouTube kanal.

Krstarenje rijekama i kanalima Italije

O tjestenini i par riječi o kuhanju

48 SATI – Italija , a možda i shopping manija ?