Втора по големина зграда во светот

По катастрофалниот земјотрес во Букурешт во 1977 година, злогласниот комунистички диктатор Николае Чаушеску почна да го реконструира градот. Му требаше изградба на нешто масивно сакајќи на тој начин да му докаже на својот народ дека е најдобар лидер во социјалистичкиот блок.

На 25 јуни 1984 година, започна изградбата на една од најбесмислените згради во историјата на човештвото. Оваа зграда беше завршена во 1997 година. За да се изгради оваа зграда, требаше да се срушат многу згради, Болница, фабрика, манастир, а околу 40.000 луѓе мораа да се преселат на други локации.

На изградбата работеле околу 20 до 30 илјади луѓе, и тоа во три смени.Имало 700 архитекти задолжени за проектирање и надгледување. Работниците биле главно војници на присилна работа. Се зборува дека повеќе од 3.000 луѓе загинале или умреле.

Урбана легенда тврди дека зградата е опседната од духови кои се движат  ноќе во 1100 соби и сали, од кои само 30% работат. Ноќните стражари тврдат дека духовите ги отвораат вратите, ги вклучуваат безбедносни аларми и уште голем број други слични зла. Под објектот се наоѓаат повеќе од 20 км подземни премини и бункери кои се отпорни на атомски напад. Овие бункери имале намена да ги заштитат припадниците на владата за заштита од радијација во случај на напад.
Обемот на зградата е за 2% поголем од обемот на голема пирамида во Гиза, Египет.

Можете да ја посетите и да ја разгледате зградата само со водич. Се организираат тури низ зградата на неколку јазици. Најдобро за тоа е да се провери на сајтот на Палатата на парламентот. Влезницата за најосновната турнеја која трае околу еден час е 35 Леи по лице. Посебно се плаќа за снимање со видео камери и професионални фотоапарати. За учениците има попуст од 50%.

Па дали е оваа најголемата зграда во светот? Таа е толку голема што вреди да се види. Сепак не е најголема. Ова првенство го држи зградата на Пентагон во Вашингтон. А оваа зграда е втората по големина после  зградата на Пентагон.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Плажата Кута – Занимливости и кратко видео

Идеална дестинација според хороскопскиот знак

Балоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее