Travel AdvisorTravel Advisor

Грац – втор по големина град во Австрија

Грац – вториот по големина град во Австрија може да се пофали со повеќе од 900 години живописна историја: при вашата посета на Грац, ќе откриете многу објекти кои сведочат за неговото специфично минато, многу занимливости од сегашноста и многу визионерски идеји за иднината.

Познавачите на Грац го сакаат овој град заради својата убавина, шарм и духовност, како и за неговата топлина .  И за фактот дека Грац е толку прекрасен спој на еден мал град и голем град.

Ретко на кое било друго место во светот, ќе најдете таква извонредна разновидност на архитектонски стилови спакувани во толку мало подрачје, почнувајќи од раниот среден век до 21 век. Скриени улички, романтични внатрешни дворови, готска, ренесанса и барокна архитектура: цели векови „живеат“ овде рамо до рамо – и веднаш до футуристичка архитектура.

На секој чекор, ќе наидете на доказ дека Грац порано бил резиденција на Хабсбургшката монархија во Грац Бург, со своите готски дво-спирални скалила, во катедралата во готски стил и Мавзолејот нарачана од императорот Фердинанд Втори. Вреди да се посети се Ландхаус во Херенгассе, со прекрасен внатрешен двор во стилот на ренесанса и оружјето на Зегуас, во кое е сместена најголемата историска колекција на оружје во светот.

 

 

Градот Грац е номиниран за официјален австриски „Главен град на радоста“. Награда која ги признава прекрасните угостителски вештини на рестораните во Грац, кои ги разгалуваат своите гости со кулинарските вештини.

 

Грац – Австрија, вториот по големина град ве чека !!!

Travel Advisor

YouTube

Пет совети , како до „last minute„

Крстосување по мистериозниот и убав Нил

Skyway жичарата – најубавата во Европа

Previous articleМетеори , карпите на верата
Next articleБратислава од еден друг агол