Време е да се размислува за декемвриските дестинации

Знаењето на тоа кои места треба да се посетат во Европа за време на вашето патување во зима, навистина може да има големо влијание врз тоа како ќе си поминете на тоа патување. Со цел најдобро да си поминете на вашето патување, треба да знаете каде да одите за максимално да ја осетите зимската магија.

Лондон

Божиќ е едно од најпопуларните времиња во годината кога треба Лондон да се посети. Меѓутоа патувањето во Лондон во текот на Декември може да Ве чини многу поскапо. Тоа значи дека искуството да се види стоковната куќа на Harrods покриена со многу повеќе светла од нормалнoтo и џиновската елка на Trafalgar Square може да бара дополнителни трошоци.

Декември во Европа

Париз

Празничната сезона во Париз пристигнува со треперењето на светлата низ големите булевари. Во сето ова спаѓа украсувањето на прозорците на продавниците со празнични содржини и секако започнувањето со работа на Божиќниот саем. Декември е едно од најмагичните времиња во годината за да се посети Париз. Овозможете си лизгање на мраз на некое од најистакнатите и најпознати места во градот, посетете ги огромните шопинг продавници, со еден збор уживајте во Божиќ во еден од најромантичните градови во светот.

Декември во Европа

Прага и Будимпешта

Двата града во централна Европа. Прага е прекрасна во текот на целата година, но покриена со снег е уште поволшебна. Будимпешта е уште еден голем прекрасен град. Вреди да поминете неколку дена во Будимпешта и да ги посетите јавните термални бањи кои се искуство само за себе.

Декември во Европа

Виена и Салцбург

Двата града се шармантни во текот на целата година. Сепак, со големите шанси за снег тие се двата од најдобрите избори за зимски одмор. Декември во Европа значи едно, Божиќ, а граѓаните на Виена сигурно знаат како да направат прекрасна свечена атмосфера. Од празничните Божиќни пазари, необичните празнични традиции, до тесните улични продавнички, има многу од што да се одбере и што ќе одговара на сечиј вкус! Со изобилството од блескави светилки, зачинети бисквити и многу традиционални идеи за подароци, нема подобар начин да се почувствува празничниот дух отколку со прошетка низ пазарите во Виена. Зимата во Салцбург има особено посебен шарм особено за Божиќ. Oвде ќе наидете на празнична музика, божиќни пазари и други традиционални Божиќни прослави.

Декември во Европа

Посетете го нашиот Youtube канал.

Божиќен подарок за оние кои често патуваат

Божиќни саеми во Европа

Идеална дестинација според хороскопскиот знак