Компанијата Волт Дизни ги подига цените

Disneyland diže cijene

Компанијата Волт Дизни ќе ги поскапи цените на влезниците за нивните забавни паркови во САД. Со тоа цената на некои еднодневни билети ќе се зголеми и за 25 отсто. Новото поскапување доаѓа неполна година по последниот пораст на цените од 18 отсто. Тоа се случи пред отворањето на новиот тематски парк за серијалот Војна на ѕвездите

Цената на најефтините дневни влезници сега е повеќе од 100 долари, а цената на дневниот паркинг се качи од 20 на 25 долари. Најмногу ќе поскапи еднодневната влезница за паркот во Анахајм, Калифорнија и тоа во најфреквентното време од сезоната. Наместо 124 долари, ќе ви треба 135 долари. Обичната влезница сега ќе скокне од 110 на 117 долари.

Влезниците за забавниот парк во Орландо, Флорида пак во моментов се движат од 109 до 129 долари, а треба да поскапат за два до четири отсто.

Дизниленд е составен од забавни паркови, хотели, терени за голф и Дизни села пополнети со дуќани, ресторани, кафулиња. Поголем дел од посетителите доаѓаат на еднодневен излет, иако еден ден за турнеја низ паркот секако не е доволен. Забавните паркови се втор по големина извор за заработка за Дизни, а минатата година донеле приход од 18,4 милијарди долари.

Доколку планирате во скоро време да ги посетите Дизни Ворлд или Дизниленд добро е да ги знаете цените. Ако имате деца, оваа дестинација треба да влезе во вашиот список на места за посета.

Travel AdvisorЖивотен Стил

Посетете го нашиот YouTube канал.

Каде туристите најмногу трошат пари

До 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот

Најубавите градови во Европа