Дубаи, како до сместување

 

 

Дубаи како до сместување
Дубаи, како што некој напишал е Дизниленд за Арапите. Таквиот развој во дваесет години е неспоредлив со кое било друго место во светот. Некој го сака  Дубаи некој не но во секој случај вреди да се види и посети, бидејќи нема сличен друг град во светот, или барем по  импресивен. До пред околу десет години се уште  можеше да се каже дека е мешавина од стара и нова култура, но денес стариот дел од градот е изгубен во сенката на огромните облакодери, па така и  Музејот на Дубаи и „Desert Safari“ останува излети во минатото.

Градот е голем. Брзите автопати се како крвоток на градот. Каде и да одите, треба да возите до дваесет километри во една насока. Градскиот превоз сеуште е слаб за таков голем град и население. Метрото е одлично и  поврзува  некои од главните точки во градот, но далеку е од вистински јавен превоз кој продира во сите делови на градот.
Каде да изберете сместување?
Бур Дубаи е дел од градот лоциран на јужната страна на реката. Тој е најстариот дел од градот и се уште изгледа како Дубаи од минатото, за многу е и еден од најинтересните . Главната улица е Ал Фахиди. Во близина е Малата Индија, иранската населба Бастакија, и музејот на Дубаи.Дубаи како до сместување

Деира се наоѓа на другата страна на реката и е исто така дел од градот. Нема некои посебни атракции, но овој дел од градот е интересен за странците поради посебниот микс на различни култури од блискиот и далечениот исток, кои овде живеат заедно. Златото и зачините се главните причините поради кои туристите доаѓаат во Deiru.
Патот Шеик Зајед и центарот на Дубаи се пулсирачкиот дел од градот во кој движењето и сообраќајот никогаш не престануваат. Од кога е завршен Бурџ Калифа – највисокиот облакодер во светот, сите се концентрираат околу него. Импозантниот Дубаи Мол, езерото со Фонтана , некои од најдобрите хотели и куќи со апартмани се наоѓаат овде.Дубаи како до сместување

Јумеира е квартот кој беше почеток на ширењето на градот кон југ. Денес овде во вилите и пониските згради живеат добро платени странци.
Областа околу Бурџ ал Араб  прва ја пренесе славата  и екстраваганцијата  на туризмот во Дубаи. Хотелот „Jumeirah Beach“ и подоцна Бурџ ал Араб означија нова ера во туризмот не само во Емирати, туку и во целиот свет. Ја поставија скалата толку високо што не е лесно да се стигне до врвот каде што се наогаат тие. Тука е и  „Mall of Emirates“кој покрај другите пикантерии има и скијачки терен .Дубаи како до сместување

„Palm Jumeirah“ и Дубаи Марина се убедлив доказ дека во Дубаи се е можно. Можеме ли да подигнеме вештачки остров? Можеме, но нека личи на километарски долга палма. Можеме да направиме езеро во пустината? Се разбира, тука е и Дубаи марината која речиси не гледа сонце цел ден од високите згради околу неа. Тука се и  старите хотели на плажата  како Шератон, Хилтон, Ле Меридијана и други. За капење се уште е меѓу најдобрите делови на градот.Дубаи како до сместување

Дубаи како до сместување

Дубаи е еден од Емиратите кои заедно ја сочинуваат државата Обединетите Арапски Емирати. Политичкото уредување е апсолутистичка монархија. Жителите се близу 10 милиони, од кои околу два милион се домашно население. Другите се страници на  работат со привремен престој. Федерацијата се состои од 7 емирати. Најголемиот емират е Абу Даби, кој е и главен град. Тој е скоро  десет пати поголем од сите други емирати заедно. Најмногу жители има Дубаи. Дубаи како до сместување

Кодексот за облекување е прилично либерален за земја во тој регион. На жените не им е дозволено да се појавуваат во јавноста со голи раменја и голи колена тоа е и нагласено  на влезот во трговските молови. На базени и плажи е дозволено бикини што најчесто ги користат само странци.
Дубаи е чудо на модерното време кое треба да се види и да се доживее. Понудата за сместување е богато. Треба да се земе во предвид дека цените на хотелските соби во Дубаи е на второ место во светот зад Женева. Политика на евтини авио карти што ги нуди „Fly Дубаи„ и нешто поскапиот но подобар „Emirates„  е добар начин за привлекување гости во Дубаи. Освен хотелите  во понудата се и поповолните  станови, кои се чини дека ги  има милион на пазарот.Дубаи како до сместување

Дубаи како до сместување?

Треба внимателно да се избере дел од градот во кој сакате да бидете а да не се потроши половина час за превоз било со метро или преку гужвите во сообраќајот на патиштата. Она што е најдобро е дека минатиот месец полн резервоар за гориво беше околу 25 евра. Изнајмен автомобил можеби е најдобрата опција и заради посета на блиските дестинации.Дубаи како до сместувањеувањеДубаи како до сместување

Travel Advisor – putovanja , Bhutan Oman , Esfahan , Kapadokija

Posjetite naš YouTube kanal.

Venecija za početnike

Za posjetu ovom gradu se uvodi naplata ulaznica

Upoznajte Dubai noću