Дубаи … „Dubai Miracle Garden„

Имате план да го посетите Дубаи и сакате да испланирате што да видите и што да направите. Но, дали знаете кога е најдобрата сезона да го посетите Дубаи за навистина да уживате во вашето патување? Ќе се обидеме да одговориме на неколку од најчесто поставуваните прашања од туристите.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

Обединетите Арапски Емирати се познати по тоа што се еднa од најжешките земји во текот на летото. Не е изненадување бидејќи се наогаат во пустина, но ве охрабруваме да дојдете овде дури и во лето а есента е вистински избор и да видите колку се убави улиците, тие се наредени со цвеќиња и дрвја.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

Времето во Дубаи е многу стабилно во однос на годишните времиња. Од ноември до февруари е „зима“ но зимата овде ако се спореди со другите земји е вистинска „пролет„ со температури најмногу до 14 степени. Летата се од мај до август. Најжешката сезона е во јули и август и е скоро неподнослива ако  треба да поминете неколку часа надвор.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

Месеците  март и април, септември и октомври се оние што можеме да ги наречам како пролетни месеци. Времето е прилично пријатно за да се упатете на отворено и ова е време кога ќе ги видете мештаните како седат на отворено.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

 

Најдобро време за патување во Дубаи би било за време на зимите меѓу ноември до февруари. Ако сакате да ги посетите во најстудените месеци, резервирајте ги билетите за ноември ,декември или јануари.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

Иако Дубаи честопати се смета за најскап град, шопингот не мора да биде скапа забава ако купувате на вистинските места и го правите тоа мудро. Подолу се дадени некои од местата за купување на традиционални артикли и сувенири.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

Има фестивал за шопинг во Дубаи, Глобалното село е голем саем што е на отворено. Секоја земја има павилјон со илјадници тезги лоцирани внатре, при што секоја се прдставува со свои артикли . Иако понекогаш цените се поголеми за туристите,  можете да се пазарите или да побарате цени на тезгите во близина што ја продаваат истата пред да ја купат препродавачите.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„
Посетете ја меана чаршија: Бидејќи во Дубаи се сместени мнозинство индиски и пакистански иселеници, висококвалитетната облека се увезува од овие земји во чаршии како „Меена чаршија“. Посетата на чаршијата ќе направи да се чувствувате како да сте во мал дел од самата Индија. Најдобар начин за да купите нешто  е да се „ценкате„!!! Не двоумете се или не се чувствувајте срамежливи бидејќи повеќето продавачи лицитираат со најмалку 50% над цената на стоката.

Дубаи ... „Dubai Miracle Garden„

Пазарот Наиф: Ако барате ефтини сувенири или традиционални облеки како абаја или orалабија,  одете кон Наиф Маркет во Деира.Ако сакате да купувате во затворено, Дубаи има голем број на трговски центри кои имаат попусти. Градските центри се наоѓаат скоро во секој дел од градот. Паметен начин за купување  е секогаш да ѓи посетувате овие трговски центри или да се претплатите на нивната веб-страница за да примате понуди преку СМС или електронска пошта.

Travel Advisor 

YouTube

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Израел , земја на верите

Тангото тече низ крвта на Аргентинците!