За чудо ,Виена не е само уметност и историја

За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Прошетката низ најголемиот град во Австрија, Виена, наречен Град на музиката, е како истовремено да се вратите чекор назад во времето и да скокнете чекор напред во фантазијата. Овде реално можете да одете по стапките на Моцарт, Бетовен, Хајдн или Шуберт.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Kорените на овие Виенски музички легенди  датираат од 1498 година. Волфганг Амадеус Моцарт работел со тогашниот хор, а своевремено бил член и Франц Шуберт.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Но рековме овој пат ќе ја погледнеме Виена од некои други агли , на пример никогаш не сме се запрашале каква е климата во Виена ?Виена географски лежи на две различни климатски зони. Се наоѓа на границата на умерената средно-европска  клима и посушната панонска зона. За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Од аспект на популацијата во текот на еден век, населението во Виена се движи околу 2 милиони. Во октомври 2014 година имало околу 1,8 милиони жители.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Од аспект на флората и фауната во самиот град и неговата поблиска околина на 521 квадратни километри е Wienerwald, кој е дом на 2.000 растителни видови и 150 видови птици. Тука се и  два загрозени видови, уралските бувови и зелените гуштери.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Заради разновидноста и богадството на овој своевиден парк дел од локалните ама и светските видови флора и фауна се донесени во близина на самиот град.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Виена го потенцира својот статус како единствен светски главен град кој произведува значителни количини вино во границите на градот. Со 1730 хектари “гроздови насади” и повеќе од 320 винари можеби тоа е навистина факт. Осумдесет и пет проценти од произведеното вино е сортно бело вино.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Островот Дунав од околу 20 километри беше отворен во 1981 година за да го засили системот за заштита од поплави во Виена и стана главен рекреативен центар со семејна плажа од 820 метри, бесплатен водопарк со површина од 53,820 квадратни метри и пешачка патека каде што гостите може да се искачат на 330 метри надморска висина.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Најголемата палата во Австрија, Schonbrunn, е една од најпосетуваните локации во Виена. Постои нешто посебно во Виена,  не само како место за живеење. Тоа е туристичка дестинација, а понудите се апсолутно извонредни.За чудо ,Виена не е само уметност и историја

Виена не е само уметност и историја. Тоа е град кој лесно ја носи својата култура, град со сопствени лозја, и многу повеќе од точка на вашата навигација. Никаде уметноста на пиење кафе или топло чоколадо не е качена до ниво на уметност,  придружена со уникатната  торта и со  многу шлаг.

Travel Advisor

YouTube

Виена 2019 уметност на убавината

Островот Бали – што да се посети?

Париските музеи