Знаете ли кои инсекти можат да се јадат?

Инсектите во нашата земја не се честа појава на менито, меѓутоа постојат места во светот каде што често се користат во исхраната. Дали знаете кои инсекти се јадат?Факт е дека околу 2 милијарди луѓе јадат инсекти како дел од нивната традиционална кујна. Повеќе од 1900 различни инсекти се користат за храна според извештајот на ОН.
Ова не значи дека треба да одите во градината по првиот инсект и да го изедете. Меѓутоа, повеќето инсекти кои можат да се јадат се јадат зачинети, пржени, печени или чадени. Издвоивме некои од инсектите кои најчесто може да ги добиете како храна.

Пајаци

Во Камбоџа пржените пајаци се сметаат за деликатес. Во градот Скуон, околу 60 километри од Пном Пен, азиската тарантула е ах пиенг. Тие имаат вкус на морски ракови. Се пржат во многу масло со додавање на сол и лук.

Црви

Црвите се добри за почетниците во конзумирањето на инсекти. Лесно е да се фатат, и се полни со протеини. Тие секогаш треба да бидат термички обработени бидејќи можат да содржат паразити.

Скакулци

Скакулците, исто така, можат да се јадат и се присутни во традиционалната кујна на многу народи. Тие можат да бидат многу вкусни со оглед на тоа што денес може да се нарачаат на некои места во САД. Во некои земји, ги јадат како природен чипс.

Tермити

Изедете ги бубачките кои се обидуваат да ја изедат вашата куќа. Со оглед на големината, тие имаат многу месо, и најдобро е да се пазираат во тавата. Наводно, тие се многу вкусни со ореви. Во Мексико и на југот на САД, тие се служат како кикирики комбинирани со пиво и текила.

Мравки

Вкусот на мравките зависи од видот и од начинот на подготовка, но мравките обично имаат специфичен киселкаст вкус. Можете да ги купите во Амазон од стаклена градина. Дури и нивните јајца се јадат, а ги нарекуваат мексикански кавијар. Добар извор на протеини.

Шкорпии

Вкусот на готвените шкорпии се споредува со вкусот на ракот. Тие се слични по природа па тоа би можело да биде вистина.

Гасеници

Овие инсекти се целосно нормална улична храна во Замбија. Се јадат варени, пржени, сушени, со различни ароми. Честопати заедно со нив се счужи зеленчук. Вообичаено јадење што никому не му пречи. Освен на туристите.

Пчели

Најчесто се јадат ларвите на пчелите. Наводно имаат интересен овошен и сладникав вкус. Ретко кој пробал, но би било интересно да се слушнат искуствата.

Посетете го нашиот YouTube канал.

10 најдобри ресторани во Будимпешта

Чили зачинот – Херој на глобализацијата

Најубавите градови во Европа