Израел , земја на верите

Израел , земја на верите

Израел  — независна држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток . Од некои историско-културни причини се смета за дел и од Европа. Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на СредоземноЦрвено и Мртво море. Главен град е Ерусалим. Други градови: Тел Авив (тука се повеќето амбасади), Ако, Вер Сава, Елат, Назарет, Тиберија и Хаифа.

Израел , земја на верите

Термионот Израел, низ историјата, се користел како заедничко име за Земјата на Израел и на еврејскиот народ. Денешниот назив на земјата е Ерец Јисраел или Мединат Јисраел (Земјата на Израел и Државата Израел), а со тоа се отфрлиле имињата Зион и Јудеја. Во раните години на својата независност, властите на Израел го избрале терминот Израелци за назив со кој ќе се нарекуваат граѓаните на државата.

Израел , земја на верите

Првите литературни пројави во Израел од 1948 година беа определбите и творештвото на писателите дојдени од Европа, кои пишуваа главно на јидиш и ладино, нешто подоцна и на обновениот хебрејски јазик. Логично дека и темите и атмосферата во европските земји беше пренесена во делата на еврејските/израелските творци.

Израел , земја на верите

Дури при крајот на XX век, израелската литература позначајно се свртува кон ’сопствените‘ современи теми од автори веќе родени во Израел. Напоредно, музичкото творештво, како и секое друго уметничко создавање, помина сличен пат, под влијание на европските уметнички текови. Сепак, во повеќето творечки изрази секогаш беше присутна и врската со корените никнати милениуми наназад, третирани на современ начин во една синтеза специфична за творештвото на израелските уметници. Првите универзитети биле отворени во Хајфа (1912) и во Ерусалим (1918).

Израел , земја на верите

Девет израелски филмови биле номинирани за наградата Оскар во категоријата Најдобар странски филм. Најголем успех имал филмот Ајми, кој се пласирал на трето место.Негувајќи ја театарската традиција на театарот јидиш ширум Источна Европа, Израел го продолжил развојот на еврејската театарска сцена. Театарот Хабима во Тел Авив бил основан во 1918 година и се смета за најстара театарска група во земјата.

Израел , земја на верите

Покрај еврејските автори, значајни успеси имале и муслиманските творци. Многубројни дела со контроверзна тематика која се занимава со израелските судири и статусот на Палестина привлекле внимание на публиката. Филмот „Џенин, Џенин“ од 2002 година на авторот Мухамед Бакри кој е заснован на израелската воена акција во градот Џенин (Западен Брег), ја добил наградата за најдобар филм на Картагинскиот меѓународен фестивал, и покрај тоа што израелските критичари го прозвале заради искривено претставување на случката. Филмската приказна од 2008 година за насилство и дискриминација во мешаната еврејско-арапска населба близу Тел Авив, раскажана во филмот Ајми била многу забележителна на Канскиот филмски фестивал.

Израел , земја на верите

Туризмот, особено религиозниот туризам, е важна индустрија во Израел, со умерена клима во земјата, плажи, археолошки, други историски и библиски места, и уникатна географија привлекува  туристи.

Израел , земја на верите

Бројот на пристигнати туристи е во подем.  Во 2018 година, рекорд од 3,6 милиони туристи го посетија Израел, со раст од 25 проценти од 2017 година и донесоа 20 милијарди НИС во израелската економија.

Travel Advisor

YouTube

Метеори , карпите на верата

Познат е и како „Златна Прага„

Скијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава