Индија – „Hornbill and Tea festival„

Индија - „Hornbill and Tea festival„

Фестивалот „CommuniTea“ е иницијатива на локално ниво, која беше воведена во 2012 година  во Горни Асам, Индија, со цел да се слави заборавеното богато културно и традиционално наследство на многу племенски заедници кои работат и живеат во и околу насадите на чај во Асам. Станува збор за годишен фестивал кој обично се слави во почетокот на декември, каде што може да се ужива и да се доживее разновидноста на чајните плантажи. Во суштина е вечер со многу претстави, песни и уметнички перформанси на различните племиња од регионот кои одгледуваат чај – доаѓаат со нивните уникатни носии, бои, мелодии и ритами. Заедно со танците и песните, има и претстави за деца, изложувајќи традиционален накит и облека, предмети од традиционална употреба во домаќинството, етно храна и слично.

Индија - „Hornbill and Tea festival„

За да се поттикне меѓу племенската соработка и да се промовира културното наследство на Нагаланд, Владата на Нагаланд го организира the Hornbill Festival секоја година во првата недела од декември од 01-10 декември. Овој  фестивал го организира Државниот оддел за туризам , уметност и култура.

Индија - „Hornbill and Tea festival„

Фестивалот се одржува во Naga Heritage Village- Kisama, што е на околу 12 км од Коима. Сите племиња на Нагаланд учествуваат на овој фестивал. Целта на фестивалот е да ја оживее и заштити богатата култура на Нагаланд и да ги прикаже неговите екстравагантни традиции. Може да се забележат и видат луѓето и културата на Нагаланд и можност да се доживее и вкуси локалната храната, песните, ора и обичаите на Нагаланд во рамките на еден настан.  Изложени се и традиционалните уметности што вклучуваат слики, резби од дрво и скулптури. Тоа е дел од церемонијата на отворање на фестивалот што се одржува на 01 декември, секоја година.

Индија - „Hornbill and Tea festival„

Кисама цел ден ги презентира различните племенски ритуали на прилично шарен и живописен фестивал . Уживајте во специфичните танци на сите 16 најголеми племиња, Воени танци , народни песни, домородни игри, музика ,натпревар во дување во рог (од каде што доага и името на фестивалот) модна ревија (етно и модерно),  ракотворби, локални кујни, Локални пијалоци (Zutho, Thutshe) итн.

Индија - „Hornbill and Tea festival„

Селата Јахама и Кигвема се наоѓаат на јужниот појас Ангами и претежно живеат во племињата Ангами кои понатаму се поделени во неколку кланови. Селата се наоѓаат на околу 20 км јужно до Кохама  на врвот на планината со убав природен поглед на околните села и околината. Целото ова село е опкружено со терасовидни полиња, што му даваат пријатен изглед.

Индија - „Hornbill and Tea festival„

Секое село има традиционална влезна порта. Во рамките на селото, може да се видат вообичаените куќи на Ангами, од кои некои се елегантни и го покажува просперитетот на селаните на традиционален начин. Тука може да се истражи селото и да се комуницира со локалните племиња и може да се соживеете со локалниот животен стил. “Sekreyni” е главниот фестивал овде, што се одржува во февруари.

Индија - „Hornbill and Tea festival„

„Фестивалот на чајот“ е организиран од племенските заедници на производителите на чај и желбата да ја покажат разновидноста и богатството на културата што постои меѓу нив. Тоа е прилично шарено славење на традицијата, уметноста и културата и е единствен фестивал кој нуди можност да бидеме сведоци на мноштвото форми на танцување, музички изведби, инструментални обработки и изложби на ракотворби, кои се наоѓаат меѓу племенските заедници од областите за одгледување чај на Горниот Асам.