И децата сакат да патуват

Зошто сакаме да патуваме? Не постои едноставен одговор на тоа прашање. Сликите од патувањата сочинуваат еден вид богатство кое не може да се  споредува со кое било друго богатство.

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваатМногумина ќе речат дека парите истрошени за патување се фрлени пари, но мислам дека оние кои велат така , не мислат така. Тоа е само уште еден начин да ги оправдаат сопствените стравови за промени  и не сакаат да се отргнат од сопствената добро позната околинаи удобност. Патувањето е богатство. Залудно не вели дека ова е единственото нешто за кое трошиме  пари, а тоа не прави побогати.

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Германскиот збор wanderlust значи силна желба за патување и скитање. Од крајот на дваесеттиот век, терминот стана меѓународен израз. Тој е присутен во секоја приказна за патување или луѓе кои страсно  уживаат во патувањата. Globetrotter значи нешто слично. Лица кои постојано патуваат по светот, откриват нови култури, земји и начини на живот, уживајќи во секоја различност. И двата овие термини означуваат вродена желба да се откријат нови простори и потреба од постојано движење.

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Толку силната и изразена желба за патување ги натера научниците да се обидат да ја најдат врската помеѓу хормоните и гените кои очигледно ја создаваат таа состојба. Научниот заклучок е дека генот DRD4-7R дејствува на нивото на допамин во мозокот и има директно влијание врз желбите и однесувањето. Овој ген буди немир и љубопитност. Љубопитноста ги охрабрува луѓето да ризикуваат и да истражуваат нови и различни места. Тоа е популарно наречено wanderlust геном.

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Научете го вашето дете да сака да патува. Придобивките од патувањето се безброј,  родителите тоа го знаат многу добро. Таквите родители ја пренесуваат својата стрест за патување  на нивните деца. А тоа е, покрај учењето на јазици веројатно најдоброто училиште и вредност што може да им ја дадат.

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Патувањето како искуства ќе ги прошират визиите на децата, ќе помогне во запознавањето и прифаќањето на нови луѓе и разбирање на другите култури. Покажете им на децата дека патувањето е посебно искуство, привилегија и авантура. Направете ги  граѓани на светот. Нека не им е чудна некоја друга религија, култура, боја на кожа или друга разлика.

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Бомбардирани со негативните медиумски информации, ние често ги затвораме очите и забораваме дека светот има и многу убавини да понуди. Патувањето обезбедува уникатен поглед и искуство во светот и можност за подобро разбирање на она што сме во овој свет. Колку порано тоа ќе го откриеме, светот ќе биде повеќе шарен, посреќен и поубав. Па зошто да не го откриете тоа и на вашите деца?

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Понекогаш треба да се оддалечите од зоната на удобност, да патувате далеку за да се запознаете самиот себе. Понекогаш треба да ги преместите границите и да откриеме нови аспекти на светот и животот. Учењето на некој странски збор или фраза на  звучи маргинално, но всушност  носи многу. Чувството на задоволство и чудење дека сте биле во можност да комуницирате со нешто непознато досега е прекрасно и вредно. Научете да кажете благодарам, ве молам, научете уште неколку зборови на јазикот на земјата во која престојувате и ќе се чувствувате поубаво и побогато и ќе им покажете на луѓето од таа земја почит што и за нив представува  прекрасно чувство.

Travel Advisor – business

YouTube

Детски кампови во Грција информации овде

Метеора , духовноста на врвот

Турција ,„башка“ убавина …

Пет совети , како до „last minute„