Топ 10 туристички земји

Марк Твен одамна рече: “Патувањето е фатално за предрасудите, фанатизмот и ограниченоста”.


Но, што ако луѓето секогаш патуваат на истите места, и секогаш ги трошат на истите дестинации? На мапата се истакнуваат местата кои туристите најмногу ги посетуваат. Постои голема разлика меѓу оние места каде што профитот од туризмот е голем и оние на кои гостите не трошат речиси ништо. Каде туристите најмногу трошат?

туристите најмногу трошат

Податоците се собрани од страна на Светската туристичка организација на ОН. Земјите на секој континент имаат своја боја, а големината на земјите на оваа карта ја одредува трошењето на туристите во нив.

Притоа се зема предвид секоја потрошувачка на странските гости: за превоз, храна, услуга или нешто друго. Со други зборови, станува збор за потрошувачката на туристите на дестинацијата, додека оние кои живеат таму се исклучени од ова истражување.

10 земји со највисоки приходи од туризмот. Каде туристите најмногу трошат?

  1. САД
  2. Шпанија
  3. Франција
  4. Тајланд
  5. Велика Британија
  6. Италија
  7. Австралија
  8. Германија
  9. Макао (Кина)
  10. Јапонија

 

Секоја година се карактеризира со постојано зголемување на бројот на туристите. Одлични резултати покажуваат дестинации низ целиот свет. Дури и некои дестинации кои во првите години имале тешкотии, во последните години покажале подобрување, што е потврдено со подобри резултати во оваа област, на Блискиот Исток и Северна Африка.

Заклучокот е дека туристичкиот сектор е најпрофитабилен на некои клучни места. Гостите се најмногу привлечени од западните земји и од страна на некои од земјите во Азија кои се неизбежни за посета поради нивната специфичност. Такви се Јапонија, Тајланд и Макао во Кина. Австралија и Нов Зеланд исто така се истакнуваат, меѓутоа, се работи за развиени земји од областа на англиското говорно подрачје.

туристите најмногу трошат

Ова истражување го покренува прашањето за глобалната туристичка индустрија. Авионите летаат кон секој агол на светот, а концентрацијата на потрошувачката е нееднаква и фокусирана само на мал број одделни места во светот. Па се поставува прашањето како би можеле дури и помалку развиените дестинации да дојдат до својот дел од колачот од туристичката заработка?

Извор: Howmuch.net

Travel Advisor – business.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Пет најубави места за патување периодот

Авиопревозниот EasyJet воведува флота од електрични авиони

До 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот