Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Каиро е најголемиот град во Африка. Има 15 милиони жители, но тоа е само ориентационо, бидејќи никој не го знае точниот број на оние кои живеат во ова египетска метропола. Престолнината на Фараонската и Сончевата Земја го посетуваат околу 5 милиони туристи годишно. Многу античките тајни, контрасти кои се движат од беда до раскош и богатство, од блскава чистота до тешка нечистотија, од напредок до целосна ретардација, сепак ја држи оваа земја на самиот врв на светскиот туризам.Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Античкиот, фараонски Египет, најмногу се доживува со посета на Националниот музеј во Каиро, фасцинантен со своите 120.000 експонати. Тука, на самиот влез, дознавате дека папирусот е симбол на Долна или Северен Египет и дека лотосот е симбол на Горниот или Јужен Египет. Колку за тогашната логика ќе дознаете  дека Рамзес II, цар на сите цареви, владеел 67 години и бил египетски Казанова. Имал 60 жени, 90 ќерки, од кои некои му биле и жени, и 106 синови. Во меѓувреме, тој успеал да стане голем водач на војската да го ослободи Египет и за прв пат во  историјата да го обедини  Долениот  и Горениот дел.Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Најпривлечниот дел од Каиро е Гиза со своите пирамиди, изградени се таму “каде што сонцето изгрева”. Кеопсовата пирамида и пирамидата на неговиот син и внук, Кефрен и Микерин, стари се околу 4.500 години, изградени за вечен живот на фараоните од четвртата династија и ја сокриваат мистиката која нашата цивилизација сѐ уште не успеа да ја демистифицира.Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Најголемо внимание привлекува секако Сфингата, комбинацијата на мудрост изразена преку човечка глава, и сила изразена преку лавовското тело. Долга е 73 метри и висока 20 метри, направена е од песочни карпи. Како и сите други сфинги, има оштетен нос.  Во текот на династиските борби за владеењето во древниот Египет беше  вообичаено  секоја следна династија, кога ќе  дојде на власт, да ги уништи претходните богови или да ги понижи со отстранување на носот од сфингата.Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет Така таа династија ја покажуваше својата доминација. Но и Наполеон ја применува истата методологија за време на окупацијата на Египет. Кога народот на Египет бил освоен и поробен, тој забележал дека жителите не го почитувале доволно и дека продолжиле да и се поклонуваат на Сфингата во долината Гиза. Затоа, тој, му наредил на еден војник да пука во Сфингата и да ја оштети заклучувајки : “какво е тоа божество кое не можело да го спаси својот  нос”!!!Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Овие легенди  не се  воопшто проблематични за бедуините кои овде кај пирамидите и сфингите  изнајмуваат камили , продаваат насликани бамбусови трски наместо папирус, галабија, водени „шише„ лулиња, разгледници и доста течено зборуваат англиски јазик.Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Во Каиро, како и низ целиот Египет, треба да се има предвид како се планира  времето , бидејќи тоа во Египет  не  значи ништо !!! Кога ќе ви кажат дека ќе се најдете за 15 минути, тоа е  “египетска минута” што може да значи половина час, час и два часа. Само без нервоза, бидејќи нема да ви промени ништо.Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Земајќи ги предвид карактеристиките на светот во кој живееме денес, вистинска среќа е тоа што египетските фараони ја доживувале уметноста на градењето колку што ја граделе „уметноста„ на војната и владеењето. Каиро симбол на кругот, фениксот на ЕгипетТие го усогласиле духот на градењето и уништувањето до ниво на перфектност. Во спротивно, светот ќе беше посиромашен денес  за сето она што го разбрале и направиле тие за време на нивните 3000 години владеење а за што после 5000 години по нивното постоење, се ‘уште се прашуваме.

Travel Advisor : Putovanja

 

посетете го YouTube kanal.

за сите подробности и информации за патувања во Египет , Каиро ,Хургада

Одмор во Југоисточна Азија

Запознајте го Дубаи навечер!

Air France promovira prava žena – 7 ženskih posada spremno za letove na Dan žena