„Колосалниот„-Родос

„Колосалниот„-Родос

 

Островот на вкрстување на цивилизациите, Родос, отсекогаш имал многу значајна географска положба. Тој е како раскрсница на поморските патишта од запад кон исток од север кон југ , од Пелопонез и Сицилија кон Сирија од Јонското и Црното море кон делтата на Нил.

„Колосалниот„-Родос

Се претпоставува дека околу 1550. год. п.н.е. критските трговци први на бреговите на Родос основале свои населби. Овој остров  од секогаш, со различен успех ја следеше својата неутрална политика за одржување на безбедноста во корист на трговијата, која се базираше на тоа што секогаш се приклонуваше кон победничката страна.

„Колосалниот„-Родос

На Родос ,според легендите, се родил богот на сонцето Хелиос, затоа и островот  се нарекува “остров на сонцето”. Родос има и друго име  остров на ружите (родон на грчки значи ружа) по ружата-хибискус кој тука цвета на сите страни. Родос е четврт по големина остров во Грција. Сите негови историски владетели оставиле траги на островот. Дворецот на битезите во самиот град Родос е импресивна градба со чисти квадратни форми. Овде се издигнува лакот „Емпорио„ , кој има повеќе капии, и како  во некој филмски спектакл, се влегува во стариот град.Оваа глетка е сигурно еден од најпривлечните во оваа област и во светот. Оваа тврдина е користена во повеќе од 100 филмови, во кој дејството се одвива во средниот век.

„Колосалниот„-Родос

Првиот, грчки дел од градот, има космополитски карактер, а другиот, со тесни улици, , стари џамии и сардеми е турски. Третиот дел е наследство од крстоносните витези, заради кој Родос е уникатен меѓу грчките острови. Прочуената улица на витезите, долга 200 и широка 6 метри, се наоѓа на местото на стариот антички пат и е изградена во XV век. Води кон палатата на Големиот мајстор и црквата Свети Јован, заштитник на витешкиот ред. На двете страни на улиците се големи камења  со грбовите на Прованса, Италија, Арагонија, Кастиља, Англија и Франција.

„Колосалниот„-Родос

Престојот на Родос подразбира, освен бањање и сончање, и многу излети. На пример, „Линос„, карпа на источниот брег на островот која изгледа како снег бел град. Средновековните ќуки се мешавина од византискиот, турскиот и западно-европскиот стил што го донеле крсташите. Улиците се стрмни и тесни, поплочени со црвено-бел мозаик од морски камења. До храмот на врвот на карпата, на 116 метри надморска висина, се стигнува или пешки или организирано со магариња. Богињата на која е посветен храмот уживал голема репутација, што го потврдуваат и подароците од Александар Велики, Птоломеј, кралот Минос, Херакле, Јелена Тројанска.

„Колосалниот„-Родос

Има малку острови што ги зафајќаат водите на две мориња и големо е задоволството на пловење со брод околу Родос, како и до блискиот остров Сими, живописен остров кој се наоѓа на 6 километри од турскиот брег. Сите куќи на островот се изградени во истиот стил и во нијанси на жолта, розова, сина и кафеава боја.Мал простор, а многу цркви или храмови на едно место. Има над дваесетина, и се чини дека се наоѓате во центарот на Православието во средината на морето.

„Колосалниот„-Родос

На Родос има се освен Колосот, едно од седумте чуда на античкиот свет (Колосот од Родос), што завршил во топилница. Оваа позната 32-метарска бронзена статуа со факел во рака, по 12 години постоење, била урната во големиот земјотрес што го уништил Родос во 225 п.н.е. Колосот исто така се срушил.Мештаните сакале повторно да го подигнат, но љубоморните Атињани, преку  пророштво, рекле НЕ. Парчињата од статуата лежеа со вековите се додека некој сириски трговец не ги префрлил на грбот на 900 камили и биле претопени во голема печка за оружје.Денеска се останати само темелите на кои стоеле двете огромни стапала како туристичка атракција.

Travel Advisor : патувања

посетете го YouTube

Подетални информации за патување на Родос во Т.А. Атлантис

Крстосување по мистериозниот и убав Нил

Сигурни , чисти , ефтини туристички дестинации

Јордан приказна на блискиот исток