Рум,пура,музика и Куба

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да

 

Дестинација – Куба, пролет 2019  погледнете

Причина – Богата и интересна историја, пријатна клима, ненаметливи песочни плажи и фактот дека таа е една од најбезбедните земји за патување.
Резултат – 9 ноќи полни со нови искуства, запознавање со колеги патници и локални жители, убави и помалку убави случки кои ќе ги памeтете засекогаш.Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да
По слетувањето во Хавана и малку чудната слика за нивните офицери кои се претежно жени, вашата следна мисија треба да биде да најдете менувачница и такси. Откако ке  ги размените парите, спремете се за ценкање бидејки таксито кое најпрвин ќе ви побара 30CUCs по кратко ценкање ќе се согласи и за 20CUCs за истата дестинација.Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Хавана  град што е невозможно да се опише

Но во него започнува нашата приказна за Куба, со панорамско разгледување на Хавана (со локален водич на англиски јазик) на новиот и стариот дел на градот во кој ќе имате можност да видете интересни места познати по својата историска вредност, како: старата претседателска палата, централниот парк, плоштадот на револуцијата,  Универзитеот во Хавана. Прошетка околу стариод дел на Хавана: Plaza Vieja, Plaza de la Cathedral, Plaza de Armas, Plaza San Francisko de Asis.Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

VINALES за оние кои ја сакаат природата, културата и цигарите
По два-три дена престој во Хавана, ви препорачуваме да го посетите Виналес, регион познат по тутунот. Тука пијат домашно кафе и прават природен рум и мед. Ако сакате да уживате во природа, џогирање, јавање или возење низ прекрасниот предел, ова е вистинското место за тоа. Vinalese е шармантен, летаргичен град кој нуди совршена комбинација на природни убавини и традиционална кубанска култура која храбро се бори со сé поголем број туристи и за сега успева да ја одржи својата автентичност.Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Crucero Del Sol Excursion Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде ќе уживате во прекрасен ден на плажа, во комбинација со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со изворедна флора и фауна. Разладување со кубански пијалоци (вклучени за време на едрењето и на плажа), нуркање до прекрасното морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето и слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco. Ручеци базирани на морска храна.Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,даКуба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да

Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Интересен за посета е и градот Тринидад кој е под заштита на  UNESCO од 1988 година, а дека е најдобро зачуваниот колонијален град во Куба најдобро се гледа на главниот плоштад. Недалеку од плоштадот е Palazi Cantero кој обезбедува веројатно најдобар поглед на градот, а влезот е бесплатен. За вечерно излегување, препорака е Disco Ayala која се наоѓа во внатрешноста на пештера. Има пет подиума за танцување и три барови. Таа е отворена секој ден, а цената на билетот е 5CUC. Исто така, ќе добиете ваучер за еден пијалок.Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го и Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) како и националниот споменик Tren Blindado се инзвонредни места за посета. Дегустација на типичен кубански пијалок, како и други места од туристички интерес. Овде вреди да се посети и Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити.

ХРАНА
Улична храна: Особено во вечерните часови ќе видите безброј Кубанци со количка на која има различни видови храна. Таа е вкусна и евтина, а трикот е само да ги следете кубанците и да одете таму каде што е најголемата гужва.

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да

Коктели: Куба е позната по коктелите, а неколку од нив се измислени на овој остров: Даикири, Мохито, Куба Либре, Кубанито, Коко Локо, Кубан Џинџер, Хавана Локо и Крема де Ви. Цените се движат од 2 до 5CUC.Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Можност за дополнителни ексурзии „Заливот Матанзас со долината Јумури„ оваа екскурзија вклучува 30 минути крстарење со брод по реката Canímar, заштитена област каде ќе имате можност да  ја видете прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот Matanzas, Градот на мостовите, Ви озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости: Фармацевтски музеј, француска аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), посета на Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Турнеја низ долината и одмор во Rancho Gaviota, каде има  добри коктели, посета на селска куќа и фарма, типичен кубански ручек. Слободно време за јавање и наутички спортски активности во езерото. Посета на  Cuevas де Bellamar (пештерата Беламар), неверојатен систем на галерија од подземни камени од вар .Куба...коктели,самба,ча-ча-ча...да,да,да

Куба, во исто време, ќе ве изненади, ќе ве насмее и растажи. Впечатоците од сè ќе ви се средат дури дома, но она што е дефинитивно ќе сакате пак да се вратете на Куба.

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…дефинитивно да,да,да

Запознајте го Санкт Петербург

Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Острови во Тајланд за кои сонувате!