Летна симбиоза , книга и плажа !!!

Летна симбиоза , книга и плажа !!!

Има илјадници книги за морињата и океаните, но ние одбравме неколку наслови за да ве потсетиме ако сте во дилема околу книгите за на плажа . Овие книги по жанр се мешавина на фикција, мемоари и реализам, но сите му оддаваат почит ,на убавината, мистеријата и моќта на морето или океанот за да ги поттикнат вашите финтазии.

“Извештаи од морето на Кортез“ од Џон Стајнбек

Мешана приказна за патување и откритија, романот на Џон Штајнбек се смета за една од неговите најдобри работи. Опишувајќи ја истражувачката експедиција што ја направил авторот со пријател од институтот за биологија на Калифорнискиот залив, оваа книга раскажува приказни за дефекти со моторите, ретки примероци од морскиот свет и авантурите на Штајнбек и неговиот пријател, морски биолог Ед Рикетс, патувањето е по должината на Калифорнијскиот брег.

Летна симбиоза , книга и плажа !!!

„Старецот и морето“ од Ернест Хемингвеј

За овој роман нема потреба ни да се зборува, но сепак ако ви е одамна читан може да го сместете во литературата за препрочитување . Инаку е еден од најпознатите романи на Хемингве, Старецот и морето, е приказна за личен триумф по катастрофалната загуба. Заработувајќи ја Хемингвеј Нобеловата награда за литература, овој роман остана како класика на океанската литература.

Летна симбиоза , книга и плажа !!!

„Морето околу нас“ од Рејчел Карсон

Пред да биде позната по тоа што го привлече вниманието на светот кон DTT во 1960-тите, Рејчел Карсон беше автор специјализиран за океанска литература. Со „Морето околу нас“  Карсон добил признанија од многу научни и литературни кругови. Фокусирајќи се на геолошките и биолошките процеси кои ги прават океаните толку мистериозни, оваа книга ги комбинира научните факти со лиризмот за да ве однесе на пат низ геолошката историја на Земјата и најмрачните длабочини на морињата.

 

Летна симбиоза , книга и плажа !!!

„Длабочина“ од Џејмс Нестор

Ода на екстремниот спорт и слобода, Длабоко од мемоарите на двете опасни подводни акробации и на чудната наука за бездната. Оваа е потсетување за човечкиот потенцијал? Нурнете се во книгата уникатна е.

Летна симбиоза , книга и плажа !!!

„Aquagenesis“ од Ричард Елис

Животот започна во океанот и авторот Ричард Елис ги „носи“ читателите веднаш до самиот почетокот на еволуцијата. Во оваа енциклопедиска илустрирана книга на животот во океанот, Елис документира повеќе од три милијарди години на водена еволутивна историја со сета своја мистерија и убавина.

Тоа е мал спецуфичен избор на неколку книги кои добро прилегаат со звукот на брановите иначе во принцип нема лоши книги , бидејки „секој човечки живот е уникатен роман“.

од Боре Цикалов

Travel Advisor

YouTube

Модерен кроасан , “bon appétit“…

МЕКСИКО, местото каде Боговите го создале универзумот !!!

Митови за евтини патувања на кои не треба да им верувате