Лисабон , преку призмата на македонски турист

благодарност за одстапените фотографии на г-дин Драган Гошев

текст Борче Цикалов (извор енциклопедија)

Лисабон (португалскиLisboa) — главен и најголем град во Португалија со население над половина милион во рамките на неговите административни граници со површина од 84,8 км². Урбаната област на Лисабон се протега надвор од административните граници со население од над 3 милиони на површина од 958 км², правејќи ја 11. најнаселена урбана област во рамките на Европската Унија.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

Околу 3.035.000 луѓе живеат во метрополската област Лисабон (која претставува околу 27% од населението на земјата). Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров на Океанот и реката Тежо.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

Лисабон е признат како глобален град поради неговото значење во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието и туризмот.Тој е еден од главните економски центри на континентот, со растечки финансиски сектор и најголемо/второ најголемо контејнерско пристаниште во Европа на атлантскиот брег. Аеродромот Лисабон-Портела опслужува 15,3 милиони патници годишно , автопатската мрежа и системот на високобрзинска железница го поврзуваат со поголемите градови во Португалија.Градот е седми најмногу посетуван град во Јужна Европа, по ИстанбулРимБарселонаМадридАтина и Милано.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

Лисабонскиот регион е најбогат регион во Португалија, поголем дел од седиштата на компаниите во земјата се наоѓаат во овој регион и е деветти град во светот по одржани меѓународни конференции. Исто така претставува политички центар на земјата, како седиште на владата и резиденција на претседателот. Градот претставува и административно седиште на истоимениот округ и центар на Лисабонскиот регион.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

Лисабон е еден од најстарите градови во светот и најстар град во Западна Европа, претходејќи на другите современи европски главни градови како Лондон, Париз и Рим. Гај Јулиј Цезар го направил муниципиум наречен Фелиситас Јулија (Felicitas Julia), додавајќи му го Олисипо. Владеен од низа германски племиња од петтиот век, бил освоен од Маврите во осмиот век. Во 1147, крстоносците под водство на Афонсу Први Велики повторно го освоил градот и оттогаш станал главен политички, економски и културен центар на Португалија.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

За разлика од многу главни градови, статусот на Лисабон како главен град на Португалија никогаш не бил доделен или потврден официјално – преку статут или во пишана форма. Неговата позиција како главен град произлегла преку уставната конвенција, со што станал де факто главен град како дел од Уставот на Португалија.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

Лисабон е седиште на две агенции на Европската Унија: Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги и Европската агенција за безбедност во поморството. Наречен „главен град на лузофонскиот свет“, Заедницата на земји со португалски јазик е сместен во градот.

Лисабон , преку призмата на македонски турист

Лисабон има два објекта заштитени од УНЕСКО како светско културно наследствоКула Белем и Црква Јеронимо. Покрај тоа, во 1994, Лисабон бил европска престолнина на културата, а во 1998 го организирал Експо ’98. Лисабон има средоземна клима. Помеѓу сите главни градови во Европа има најтопли зими, со просечна температура од 15°C во текот на денот и 8°C ноќе од декември до февруари. Вообичаената летна сезона трае околу шест месеци, од мај до октомври, иако исто така и во ноември, март и април температурите можат понекогаш да достигнат околу 20°C.

Travel Advisor – Europa

Youtube

Пооооортугалија преубава а ефтина

Сејшели , острови на „вечното сонце“

Најубавите земји во светот