Магичниот Божиќ во Дарувар

магичниот Божиќ

Дали би сакале да посетите некое шармантно зимско место, исполнето со традиционални ритуали, пристојно украсени улици, со мирисот на домашни колачи и греено вино. Дали би сакале да уживате во зимската идила, добрите дела, подароците, духовните и забавните песни и пријателски настроените домаќини.

магичниот Божиќ

Доколку тоа е тоа што го посакувате тогаш тргнете накај Дарувар. Доживејте го магичниот Божиќ и уживајте во зимската идила на еден од најубавите градови. Град кој е исполнет со традиционални ритуали, украсени улици, мирисот на домашна колачи и греено вино.

Периодот на магичниот Божиќ во Дарувар започнува во првите денови на Декември. Се одбележува со заедничко украсување на централната елка и палењето на првите празнични свеќи. Сето тоа се случува на централниот гратски плоштад со духовни песни и греено вино.

магичниот Божиќ

До денот кога се слави Божиќ речиси секој ден се одржуваат културни и забавни настани, како што се креативни работилници, дружење на децата со Свети Никола, концерти, балетски вечери, театарски претстави, изложби, доаѓањето на Дедо Мраз и дарување на најмладите со подароци.

Центарот на магичниот Божиќ во Дарувар е Божиќниот саем кој е лоциран на богато украсениот јужен дел од плоштадот Крал Томислав. Од 20 Декември до 24 Декември, ве очекуваат голем број штандови. Тие се преполни со ракотворби, сувенири, колачи, домашни производи, греено вино, греено пиво и ракија. А ако сакате да останете во Дарувар и подолго, не е проблем. Најдобриот wellness центар со брилијантната зимска сценографија, ќе ви овозможи незаборавни моменти на релаксација, освежување и одмор од годината што изминува.

магичниот Божиќ

Во Дарувар имате можност да ги користите лековитите спа третмани, да си замислите желба и да фрлите паричка во фонтаната Иваново, да прошетате низ магичниот римски шумски парк, и да дознаете зошто оваа бања на мир и релаксација ја користеле и римските императори ..

магичниот Божиќ

Постојат неколку причини зошто да се посети Дарувар:

Како што споменавме – тие имаат одлични спа центри и врвни велнес објекти во центарот на градот.
Затоа што таму се произведува одлично пиво.
Бидејќи областа е чиста магија, и е совршена за пешачење, планинарење, возење велосипед или јавање.
Бидејќи ќе уживате во гастрономските специјалитети на добро сочуваната традиција.
Бидејќи во близина има еден од најубавите природни паркови во Хрватска.

И заради уште многу, многу повеќе атракции специфични за ова место.

izvor: explorecroatia.eu

Fotografije: Predrag Uskoković, Ratko Vuković

Travel Advisor – Hrvatska

Posjetite naš YouTube kanal.

Фотографии: www.sibenik-tourism.hr

Извор: explorecroatia.eu

Посетете го нашиот YouTube канал.

Божиќни саеми во Европа

Божиќ во Шибеник – празнична гастро авантура

Зимската магија во Кутина – откријте ја оваа зима