Мадеира-рајскиот остров

Мадеира-рајскиот остров

Мадеира (португалскиMadeira) или официјално Автономен Регион Мадеира (Região Autónoma da Madeira) е португалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од ТенерифеКанарски Острови. Мадеира воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадеира е една од двата автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азорски Острови. Архипелагот е составен од островските групи: Мадеира, Порто СантоПусти Острови и Дивјачки Острови.

Мадеира-рајскиот остров

Мадеира – рајски остров во кој ќе посакате да останете засекогаш! Природната убавина, суптропската клима, познатото вино именувано по регионот, како и единствената флора и фауна нема да ве  остават рамнодушни! Ова место е совршено за оние кои го сакаат мирот и тишината, а особено за љубителите на природата.Мадеира-рајскиот остров

 Запознајте го главниот град на Мадеира – Фуншал. Вгнезден помеѓу планини и ридови, модерен и истовремено космополитски, градот е познат по своите првокласни ресторани, извонредни луксузни хотели и прекрасната клима која владее преку целата година.Мадеира-рајскиот остров

Посетете ја познатата градина “Санта Катарина”, пазарот, како и старата катедрала која датира од 15-тиот век. Качете се по скалите кои водат до  црквата „Lady of the Monte”, при што во нејзината внатрешност ќе имате можност да ги разгледате позлатените скулптури и резби од 17 и 18 век. Император Карл I – последниот монарх на Австроунгарската империјa кој е погребан во капела веднаш до црквата (1921г.).Мадеира-рајскиот остров

Посетете го центарот на Фуншал, а ако вашето сместување е подавеку од центарот на градот алтернативниот начин да слезете долу а не сакате да пешачете по стрмните улички  е да одберете алтернативен вид на транспорт – не толку модерен, но исклучително атрактивен, а тоа секако жичарата. Мадеира-рајскиот остров

Порто Мониз –  отпатувајте кон западниот дел на островот како би го посетиле рибарското гратче Cabo Girao кое е лоцирано на второто највисоко пристаниште во Европа, кое истовремено е и прекрасно живописно селце, Рибеира Брава.Мадеира-рајскиот остров

Патувањето продолжете го кон Ponta do Sol y Calheta, долж северното крајбрежје се до Порто Мониз.  По патот до Лаурисилва ќе поминете низ шума богата со ретки растителни видови. Краток престој во Encumeada, каде што ќе можете да уживате во несекојдневните погледи од двете страни на островот.Мадеира-рајскиот остров

Посетете го местото Сантана ,упатувајќи се кон  Камача – место познато по производството на плетени кошници кое се наоѓа во непосредна близина на Pico do Arieiro, третиот по височина врв на островот (1 818м.), од каде ќе можете да уживате во одличната планинска глетка.Мадеира-рајскиот остров

Продолжете кон Сантана која е претпознатлива по своите куќи кои имаат сламени покриви. По Сантана,  следи  Портела (на 670м.), каде се делат северниот дел на островот Порто Санто. Ќе поминете и низ Мачико, првата престолнина на Мадеира, каде што првите освојувачи на островот се засидриле во 1420г.Мадеира-рајскиот остров

Секако едно патување не би било целосно ако не се вкуси лепезата на различни јаденја кои оставаат печат на локалната кујна.Менито овде се состои од типичните за островот: печено месо, пченка, сладок компир и салата, како и специјалитети од различни области на гастрономијата. Во текот на оброците особено вечерните потрудете се да можете да ги чуете и локалните изведувачи на традиционалниот фолклор на островот бирајки вистински локации за вечера.Мадеира-рајскиот остров

Значи да заклучиме уште еднаш ,Мадеира – Природната убавина, суптропската клима, познатото вино именувано по регионот, како и единствената флора и фауна. Ова место е совршено за оние кои го сакаат мирот и тишината, а особено за љубителите на природата.

Travel Advisor – патувања

Посетете го YouTube

Најдобрите „спа“ во светот – No.1. Mauritius

Одмор во Југоисточна Азија

Крстосување по мистериозниот и убав Нил