Малдиви … и се е кажано

Малдиви ... и се е кажано

 

Малдивите се едно од најубавите места на светот. Островите се навистина дестинација од соништата, но исто така имат и свои специфики. Еве неколку совети за оние кои планираат да го посетат Малдиви за прв пат.Кога веќе сте на Малидивите немој да  мислите дека нешто е  скапо, само сетете се дека ова е патување  од оние кои може да си го приуштите еднаш во животот.Затоа приуштете си се што ви пружа овие егзотичени и уникатни острови без премногу да калкулирате.Но сепак планирајте си го буџетот, за да можете да уживате во дестинацијата на мир.

Малдиви ... и се е кажано

За да имате вистинска слика за локалното население, ќе треба да посетите еден од островите на кои живее локалното население. До 2009 година, туристите кои сакаа да ги посетат нерезидентните острови  требаше да поседуваат посебни дозволи. Не  пропуштајте патување со брод на еден од овие острови.

Малдиви ... и се е кажано

Со оглед дека повеќето становници на Малдиви се муслимани, постојат строги правила за консумирање алкохол во земјата. Туристите не смеат да донесат алкохол или да пијат на островите населени со локалното население. Излетничките бродови и ресортите  имаат дозволи за користење алкохол за туристите.

Малдиви ... и се е кажано

Почитувајте ги правилата за облеката на населените острови. И мажите и жените треба да ја избегнуваат облека што не ги покрива колената. Жените треба да ги покријат нивните рамења. Паровите не треба јавно да покажуваат размена на нежности. Забрането е сончање и пливање  топлес или голи. Во рамките на ресортот, каде што сте, може да се облекуваате како што сакате.

Малдиви ... и се е кажано

Малдивите се земја со најниска надморска височина во светот. Некои острови едвај се издигнуваат над површината на морето. Ова е причината за деликатната позиција на оваа земја загрозена од глобалното затоплување. Имајте го ова на ум додека  избирате некоја активност, штедете вода, енергија и внимавајте на отпадот .

Малдиви ... и се е кажано

Престојот во вила над морето изгледа доста привлечно, но ова искуство често може да се прецени. Точно ,имате свој пристап до океанот, но убавите песочни плажи се обично доста далеку. Некои вили се многу блиски една до друга заради сместување што е можно повеќе туристи, а тоа секако ја намалува ексклузивноста.

Малдиви ... и се е кажано

На Малдивите се некои од најубавите места за „snorkeling„ и нуркање, па размислете за купување подводна камера кога планирате патување на Малдивите. Ова сепак овде е и најдобрата забава во кристално бистрите води на океанот .

Малдиви ... и се е кажано

Најексклузивните ресторани најчесто имаат „дрескод„ Жените, можат да носат и секојдневни фустани, но мажот треба да биде во кошула и долги панталони. Ако планирате да одите во рестораните во ресортот, внимавајте да носите соодветна облека. Долгите ракави ќе  бидат добри и за вас не само за ресторанот, кога ќе задува поладен ветер.

Малдиви ... и се е кажано

Првата помисла на Малдивите е кристално сино море и бел песок, тоа е  реалност, но не  цело време. Најубавото време на Малдивите е од ноември до април, а врвот на туристичката сезона е од декември до март. Почнувајќи од март, времето станува малку непредвидливо.

Најдете ги најдобрите места за престој на Малдиви Т.А. Атлантис

 YouTube kanal.

Travel Advisor

Велигден на Пирин-Банско

занимливиот Амстердам

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да