Медицински туризам, погледнат преку – “EyeSTAR Lasik Institute” Турција

Медицински туризам, погледнат преку -

текст и фотографија Билјана Дончовска

Патувањето во странство за остварување на одредени дијагностички и терапевтски процедури, од една во друга земја, поради различни причини се нарекува здравствен туризам. Лицето кое патува за третман се нарекува здравствен турист.

Здравствениот туризам не е ограничен само во болниците. Тоа е термин кој може да се користи за секоја институција која нуди третман и велнес терапии.

Здравствениот туризам е поделен на 3 главни категории:

    1.   Медицински туризам (лекување и хируршки услуги во болници)
    2.   Термален туризам (услуги за рехабилитација и одмор во термални објекти, топли извори итн.)
    3.   Постари и инвалидски туристи (долгорочни социјални услуги за геријатриски третмани или објекти за рехабилитација во природните области)
    4. Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

Главните причини да се избере здравствен туризам:

  • Недостаток на високо-технолошки медицински услуги и медицински ресурси во земјата на местоживеење,
  • Скапи здравствени услуги во земјата на местоживеење,
  • Повисок квалитет на здравствени услуги во избраната земја на лекување,
  • Здравствените туристи не сакаат да бидат видени при нивниот третман или операција,
  • Хроничните пациенти, постарите или хендикепираните лица можеби ќе сакаат да пробаат различни методи на лекување и лекари,
  • Отсуство на термални објекти поради географските и климатските услови во земјата на местоживеење,
  • Луѓето со зависности од дрога, алкохол, итн. Можеби ќе треба да се извлечат од нивната околина и да ја променат средината,
  • Желбата да се комбинираат терапија и одмор и да се испробаат различни култури.

Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

  • За да се запознаеме со можностите на медицинскиот туризам ќе земеме еден конкретен пример со “EyeSTAR Lasik Institute” клиниката за офталмологија во Истанбул, Турција, од каде ќе можете “step by step” да ја следите можноста за врвна ласерска корекција на диоптрија и покрај лекувањето да остварите едно прекрасно патување во единствениот град на два континента Истанбул .

Што е LASIK?

LASIK (laser in situ keratomileusis – ласерска корекција) е амбулантско хируршка процедура која се користи за лекување на кратковидост, далекувидост,астигматизам.

Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

 

Ласерот се користи за преструктуирање на корнеата, во предниот дел на окото. Ова го подобрува начинот на кој се фокусираат светлосните зраци на мрежницата, во задниот дел на окото и се овозможува подобра визија без очила или контактни леќи.
„EyeSTAR LASIK“ е: Брза ласерска аблација, времетраење околу 10 секунди, а вкупното време за целиот третман е само 3 до 4 минути по око. Третманот е безболен. Пациентите не чувствуваат речиси никаква болка и непријатност за време или по третманот. Нема да има никакво крварење и нема да има потреба од какви било завои или лепенки. При третманот има високо ниво на безбедност. Нема апсолутно никаков ризик за губење на видот.

Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

„EyeSTAR“ обезбедува целосно стерилни услови и дневен лимит од 10 пациенти со цел да се обезбеди третмани без ризик од инфекции и оптимални визиуелни резултати. Перманентност – нема регресија на видот на повеќето пациенти, досега само 0,05% од пациентите имаат барање за подобрување на третмани. Закрепнувањето на пациентите е многу брзо. Толку е брзо, што денот по третманот, пациентите се носат на посета на многу познатите знаменитости низ прекрасниот Истанбул.

Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

Нашите хирурзи целото време се во консултација со вас и ве прашуваат дали сте подготвени за да почнат со операцијата или доколку не се чувствувате спремни, може да се премести за наредниот ден. Уверение за третманска услуга со строги германски стандарди TUV- ИСО 9001 за квалитет. Во “EyeSTAR Lasik Institute” пред вашиот ласерски третман ќе биде извршен темелен очен преглед. Доколку носите контактни леки, ќе биде потребно претходно да ги отстраните. Меките контактни леќи треба да ги отстраните од употреба најмалку една недела пред вашиот третман, а додека доколку користите други типови контактни леќи, ќе биде потребно да престанете со нивна употреба три недели пред вашиот третман.

Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

Денот кога ќе биде вашиот третман, ве замолуваме да немате каква било шминка на вашите очи или лице, да не ставате крем за лице, кремови за после бричење или парфем. Да не пиете премногу пијалаци кои содржат кофеин. Ласерот „EyeSTAR“ се чува на пониска температура, па затоа ве советуваме да облечете топла и комотна облека. Ако вашиот третман е закажан преку текот на денот, понесете со вас темни очила за сонце. Пред вашиот третман во “EyeSTAR Lasik Institute” , ќе бидете информирани за целата процедура, исто ќе ви биде опишено како ќе се чувствувате при секој чекор од третманот. Откако ќе заврши психичката подготовка и подготовката на сите потребни документи, тогаш ќе почне медицинската подготовка. Во институтот на „EyeSTAR LASIK“ ние обрнуваме посебно внимание во подготовките за ласерскиот третман, бидејќи веруваме дека голем дел од успехот на третманот се должи на подготовката.

Медицински туризам, погледнат преку -  "EyeSTAR Lasik Institute"  Турција

 

На крај од подгтовката за процедурата Вие ќе идете целосно информирани и сремни за процедурата, ќе знаете се што ќе Ве очекува. Ако вие се чувствувате удобно и ако сметате дека доволно сте информирани за целиот процес што следува, тогаш ќе започнеме со Eye Star Lasik процедурата. Во меѓувреме нашите хирурзи ќе одговараат на сите ваши прашања и ќе работат на сите технички аспекти на вашиот ласерски третман. Нашите медицински сестри и техничари ќе го подготвуваат ласерот и другата потребна апаратура. Една од најважните карактеристики на операционата сала е “целосно стерилна средина” обезбедена со ХЕПА филтри, систем за УВ стерилизација, повеќе системи за климатизација и систем за следење на квалитетот на воздухот во реално време. Исто така “EyeSTAR Lasik Institute” поседува уникатен систем кој ја оптимизира удобноста и одржува стерилни услови. Останатите значајни карактеристики на клиниката “EyeSTAR” се: масажа пред вашето лекување, слушање на Вашата омилена музика за време на третманот (од Вашето ЦД или МП3) транспарентна (провидна) операциона сала и ТВ плазма (монитор), овозможувајќи им на Вашите пријатели и роднини можност да го следат Вашиот третман.

За подетални информации за “EyeSTAR Lasik Institute” Турција може да најдете овде.

Youtube

Travel Advisor

Најдобрите „спа“ во светот – No.1. Mauritius

Лутраки , убавините на една “природна бања“

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – „RAJA YOGA„