Многу хотели , многу ѕвезди – Хургада

Хургада, дестинација која во сите варијанти ви носи песочни плажи ,чисти и примамливи морски води ,специфична локална култура и светска историја … запознајте се со неколку хотели во Хургада кој само ќе го зачинат прекрасниот вкус на вашето летување.

Pharoah Azur

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Pharaoh Azur е 5* ресорт кој е погоден за фамилии и се наоѓа на плажа и на неколку минути од центарот на градот. Со 360 пространи, удобни соби, бунгалови и апартмани, сонце во текот на целата година, прекрасна песочна плажа, панорамски поглед на морето, спа и тениски терени, Pharaoh Azur Resort е место кое ќе ви овозможи моменти за паметење.
Прекрасниот Pharaoh Azur Resort, во Хургада се наоѓа на светски познатата Red Sea плажа, која се протега на 210.000 метри квадратни, со одличен спој на модерниот и “стариот фараонски” стил. Исто така, располага со затворен и отворен базен, како и со фитнес- центар.
Сите соби се со поглед на море или градина и имаат сателитска ТВ и мини бар.

Titanic Beach Spa & Aqua Park

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, кај овој хотел вашата соба ќе биде пријатно изненадување бидејки нема да можете да ја бирате, туку ќе мора да верувате на хотелскиот персонал кој верувајте е одличен.

Sea Star Beau Rivage

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Една од скриените скапоцености на Хургада, сместен во срцето на морското крајбрежје, нуди прекрасни погледи на Црвеното Море. На 15 минути од Меѓународниот аеродром Хургада, Sea Star Beau Rivage Hotel е 5* ресорт кој нуди соби и апартмани со тераси кои имаат прекрасен поглед на морето, како и погодности кои на гостите им овозможуваат удобност и мир. Сите соби имаат централна клима, сателитска телевизија, телефон, фен, мини бар (се менува дневно – со доплата), сеф (бесплатно), baby cot (на барање – бесплатно).  Со оброци на база шведска маса, како и опција за a’la carte , рестораните на хотелот нудат кулинарско искуство што ќе го задоволи сечиј вкус. Sea Star Beau Rivage Hotel е оаза на забавата и релаксацијата во срцето на Хургада.

Albatros Citadel

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Albatros Citadel Resort со својата исклучителна архитектура е совршен избор за опуштање на прекрасните брегови на Црвеното Море. Ова посебно место во Сал Хашиш е познато по пријатната клима во текот на целата година, што го прави идеална дестинација за спортови на вода и други активности. Овој 5* ресорт нуди уникатен одмор со приватна плажа која е долга 1.6 км, 3 вештачки морски лагуни во хотелот,  ќе ви подари незаборавни спомени.Albatros Citadel Resort нуди соби со панорамски поглед на Црвеното Море. Хотелот располага со 6 приватни топли бањи и софистициран фитнес центар. Хотелот е изграден со природни корални камења.Секоја пространа и луксузна гостинска соба има спектакуларен поглед на морето, телевизор и минибар.Бесплатен  интернет е достапен во сите соби.Центарот на градот Хургада е на 20 километри, каде што е и Меѓународниот аеродром Хургада.

Albatros Palace

stars

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Изграден на 72,000 м², Albatros Palace Resort нуди прекрасна оаза на плажата со широк спектар на активности и атракции. Тоа што го прави посебен овој луксузен 5* ресорт е неговата одлична архитектура, гостопримството, прекрасното сместување и кулинарската понуда. Albatros Palace Resort на своите гости им обезбедува удобност на секој начин и располага со соби и апартмани дизајнирани со вистинско чувство за луксуз. Во овој all inclusive ресорт има повеќе можности за забава и авантура отколку што ќе имате време да уживате во само една посета. Ресортот се наоѓа на 15 мин од аеродромот во Хургада и на 20 мин од центарот на градот.Собите имаат балкони со поглед на море или базен. Околу 620 климатизирани соби за гости во Albatros Palace Resort вклучуваат мини барови и сефови. Телевизори со сателитски канали и бесплатни филмски   канали.

Le Pacha

stars

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Хотелот  “Le Pacha ” се наоѓа директно на брегот на Црвеното море и нуди спектакуларен поглед на заливот Хургада и на центарот на градот. Хотелот има приватна бела песочна плажа опкружена со идилични градини .Се наоѓа на 10-тина минути возење до Меѓународниот аеродром во Хургада и околу 10 минути пешачење од центарот на градот.Ресортот располага со 258 делукс соби сместени во 11 згради на површина од 11.000 метри квадратни. Сите соби се опремени со сателитска телевизија, клима уред, мини бар, бања со туш кабина, тоалет, фен за коса, сеф (бесплатен)  како и 24 часовна собна услуга.За забава и рекреација хотелот нуди одбојка на плажа, ватерполо, часови по аеробик на вода и секако “мини клуб” со најразлични анимации и за најмалите.Хотелот има надворешен базен кој опфаќа 1585 метри квадратни има ограден дел за деца, аква парк со заоблен базен со површина од 225 метри кавдаратни и длабочина од 60 цм кој вклучува и две лизгалки наменети за деца. Базенот за возрасните е со длабочина од 130 цм i  e поврзан со 4 лизгалки од кои 3 со должина од 16м и 1 со должина 32 м.Базените во склоп на аква паркот се затоплуваат така што очекувана температура во истите е од 26 до 28 степени.

Mercure Hurghada

Многу хотели , многу ѕвезди - Хургада

Нурнете во задоволствата на 4 ѕвездениот Mercure Hurghada Hotel ! Истражете ги некои од најспектакуларните корални гребени во светот во овој all inclusive ресорт на работ на кристално чистото Црвено Море. Ако сте љубители на сонцето и спортот, ова е совршена дестинација: има за секој по нешто –  од бродови со стаклен под, нуркање, до дневни активности со хотелскиот тим. Исто така, може да уживате во базенот, да играте тенис или сквош пред вечерата или да пиете коктели во еден од седумте ресторани и барови.Хургада е место каде што Арапската пустина се протега се до проѕирните води на Црвеното Море, кое е богато со разновидни риби и неверојатни корални гребени. Mercure Hurghada Hotel е совршен ресорт за љубителите на одмор, релаксација и авантура, нудејќи широк спектар на водени и копнени спортови, како и излети во рајот за нуркачи – Sharm el-Naga, подводните градини на островот Гифтун, и римските руини на Mons Claudianus. Аеродромот е на само 10 минути од ресортот.
Сите соби во Mercure Hurghada имаат балкон со поглед на Црвеното Море или со поглед на градина и секоја од нив има сеф и мини бар. На располагање на гостите на хотелот има бесплатен паркинг.На самото пристигнување, гостите добиваат нараквица која им овозможува бенефиции од нивниот all inclsuive систем.Mercure HurghadaHotel има 3 ресторани, вклучувајќи и ресторан со морска храна.

Travel Advisor – Travel

YouTube

сите аранжмани за Хургада Т.А.Атлантис

До 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот

 

Малтешки ред , тајните убавини на Малта

Тиркизниот Занзибар