Национален музеј на Босна и Херцеговина

Основан во 1888 година, Националниот музеј на Босна и Херцеговина, лоциран во центарот на Сараево е место каде ќе допрете до срцето на историјата и ќе поминете низ факти од различни периоди. Во центарот на музејот се наоѓа и ботаничка градина каде се чуваат низа ендемски цвеќиња и растенија од целата земја.

Музејот бил оштетен за време на војната, па некои делови се реновирани. Широкиот обем на артефакти од областите како археологијата, историјата на уметноста, етнологијата, географијата, историјата на природата ќе ве задржат во музејот со часови.

Сараевската Хагада, богато илуминиран ракопис и најстариот сефардски документ во светот, издаден во Барселона некаде околу 1350 година, е највредниот експонат на музејот.

Ова уметничко дело, со извонредна приказна зад себе, во 2017 година било вклучено во регистарот „Меморија на светот“ на УНЕСКО.

Како неистражена балканска земја, многу австро-унгарски научници и ловци на богатство ѝ фрлиле пик на Босна и Херцеговина. Како исход на тоа, низа културни артефакти биле извезени надвор од земјата. Токму ова ја забрзало реализацијата на идејата за основање на музеј, подготвуван долго време.

Тогашните музејски установи во Сараево станале претесни за растечката колекција, па во 1909 година започнала изградбата на нов музејски комплекс со четири павилјони и ботаничка градина.

Денешната зграда била завршена и отворена во 1913 година. Таа е единствената музејска зграда во поранешна Југославија наменски градена за оваа цел.

Најдобрата работа за музејот е тоа што нуди тури и настани и за деца, едукативен начин како вашето дете да го запознаете со културата и историјата. Ако сакате да направите добро дело и да помогнете, може да купите и сувенири, бидејќи установата е самофинансирачка.