Маурициус во Декември …

Маурициус во Декември ...

Маурициус – парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор. Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар.

Маурициус во Декември ... Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите.

Маурициус во Декември ...Маурициус … таму каде што се мешаат минатото и сегашноста … таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости … таму, каде што плажите се бескрајни … каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови..

Маурициус во Декември ...

Спа и велнес туризамот го става вашето здравје и благосостојба во центарот на вашето патување. Здравствениот туризам треба да вклучува здрава храна, вежбање, спа третмани и можности да ја доживеете или проширите вашата духовност и креативност. Добрите водачи низ спа и велнес ве учат како подобро да се грижите за себе, физички, психички и духовно. 5-те најдобри бањи во светот:

One&Only Le Saint Géran, Mauritius

Маурициус во Декември ...

Можеби ќе ве изненади овој факт но најубавите и комплексни спа центри се сместени на Mauritius, овде сите природни пресечни точки на еден добар спа и вилнес центар се допираат, ако ги додадеме и специфичните филозофии на овие далеки цивилизации и нивниот однос кон животот немој да се изненадите дека најдобрите спа центри со масажи, вежби, сите специфични по својата филозофија се наогаат баш на Mauritius. Ќе го издвоиме само хотелот One&Only Le Saint Géran и во понатамошниот текст ќе направиме споредба со неколку други спа центри низ светот.

Маурициус во Декември ... Овој хотел одамна е омилен Tatler, но сега е реновиран и уште повеќе блеска во својот сјај, што ќе ве натера  да го засакате повеќе од кога било. Во прекрасниот спа центар има третмани со ESPA балансирање на чакри, а има и масажи на chic yacht , плус бескрајно многу активности за да ве задржат среќен.

 

Travel Advisor – Lifestyle

YouTube

ОДМОР ОД СОНИШТАТА НА ОСТРОВОТ МАУРИЦИУС СО Т.А. АТЛАНТИС 

Барем еднаш посетете го Бали

Далечна Азија … езотерични патувања

Индија – 10 совети за патување.