Најнебезбедни земји за патување во 2019 година

Во категоријата на многу ризични се вклучени Сирија, Авганистан, Јемен, Либија, Сомалија, Судан и Мали, како и Мексико, делови од Карибите и Индија. Исто така голем раст на ризикот бележат и Бразил, Кина и Русија, и тоа во здравството. Африканските земји Јужен Судан, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Сиера Леоне пак се означени како опасни поради заразни болести. Ирак, Либан, Венецуела и Северна Кореја исто така.

Во однос на сообраќајот, треба да внимавате на патиштата во Африка, како и во Бразил, Боливија, Саудиска Арабија и Казахстан. Овде е вклучена и Босна и Херцеговина каде ризикот на патиштата исто така е голем.

Треба да ги избегнувате земјите во воена состојба, каде што има можност за тероризам и насилства. Во некои случаи сепак тоа не се однесува на целата земја, туку само делови од неа. Најдобро е пред патување да се информирате за местото и земјата која ќе ја посетите.

Некои европски земји, како Велика Британија, очекувано се оценети како подрачја со високо ниво на сигурност. Во оценувањето се користени 5 оцени за нивото на безбедност и тоа незначително, ниско, средно, високо, и крајно несигурно.

Tavel Advisor – putovanja

Малта – атракции и занимливости

 

Карпите Метеора – Магичните лебдечки карпи

 

Пи Пи Острови