На сите убавини плус уште една – Коста дел Сол

На сите убавини плус уште една - Коста дел Сол

Првиот шпански падобрански симулатор се отвара во Малага.
Возбудата и адреналинот на падобранството сега може да се најдат во близина на Коста дел Сол и не треба да скокате од авион за да го доживеете тоа.

На сите убавини плус уште една - Коста дел Сол

Првиот падобрански симулатор ќе се отвори во Шпанија во мај 2019 година во Кампиљос во Малага. Достапен ќе биде за  секого на возраст од 5 до 95 години, Fly4Real симулаторот е совршен начин за да откриете што е падобранство без да скокате од авион.

https://vimeo.com/142973188

Симулаторот создава воздушна струја на која скокачот или подобро кажано лебдачот  лебди на неа. Тука се чуствува силна воздушна струја или јак ветрот што ве држи во лебдечка состојба , а вие управувате со рацете и нозете па и со цело тело во зависност кој правец сакате да го завземете.На сите убавини плус уште една - Коста дел Сол

На почетокот ќе бидете водени, поддржани и подучени од искусни професионални инструктори. Тие работат со вас еден-на-еден, па можете да одите со свое темпо и да го правите она во што се чувствувате најпријатно.На сите убавини плус уште една - Коста дел Сол

Повеќето луѓе можат да го прават тоа без  страв и со целосна безбедност. Ако сте здрави и со добра мобилност, тогаш можете слободно да летате!Синото небо и сонцето на Коста дел Сол се исто така совршена заднина на Instagram за вашите фотографии.На сите убавини плус уште една - Коста дел Сол

Колку чини? Постојат различни падобрански пакети, кои се движат од 24.000 ft (висина) едночасовно искуство, две минути во воздух до 72.000 ft ,два лета, шест минути во воздух. Цените започнуваат од € 52.

Travel Advisor

YouTube

Корзика , сите уметности на еден остров

Национален музеј на Босна и Херцеговина

занимливиот Амстердам