Во пресрет на големиот Христијански празник Велигден убаво место за посета е островот Малта .Но овој пат да не зборуваме само за природните убавини со кој таа располага или плажи и песоци , вечерни забави ,туку да и пријдеме од еден друг агол од важноста на Малта за Христијанството .Малтешкиот ред бил создаден уште пред да започнат крстоносните војни од страна на бенедиктските браќа на чело со Жерар во 1080 година во денешна Палестина како втор рицарски орден по Редот на темпларите.
По паѓањето на Ерусалим и предавањето на градот на султанот Саладин, овој ред преминал на Кипар, а потоа и на Родос. Кога Турците го освоиле Родос во 1552 година, царот на Римското Царство, Карло V решил дека е потребно повторно орденот да се премести. Така, тие се преселиле во Малта во 1530 година. По опсадата на островот во 1565 година, на островот бил изграден и нов град наречен по големиот мајстор на витешкиот ред Жан Де Ла Валета. Оттука, денешната престолнина на Малта се вика Ла Валета или само Валета. Кога Наполеон ја освоил Малта на својот поход кон Египет во 1798 година, витезите се преселиле во Рим.
Што е тајната на туристичкиот успех на Малта?Па, на оние кои малку ќе се задлабочат во историјата на Малта дел од привлечноста е и нејзината историска и Христијанска мистичност.
Малтешкио јазик е мешавина од арапски, англиски, италијански и француски јазик и не е лесно да се разбере. Затоа, на јавни места сè е напишано на двата јазика, бидејќи, во спротивно, „TPEJJIPH“ никој нема да знае дека тоа значи ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ. Ако ви понудат „HAŠIŠ“ на некои улични тезги, не се запрепастувајте бидејќи „HAŠIŠ“ на малтешки значи ЗЕЛЕНЧУК.
Најпрво, Феничаните го дадоа името “Малта” или преведено “Небесно пристаниште”, а потоа низ вековите се менуваа Римјаните, Арапите, Норманите, Шпанците, Турците, Французите и Англичаните. И сите оставиле свој белег.
Сепак како што веќе рековме најголемо влијание врз историјата на Малта имаше доаѓањето на Витезите на Редот на Свети Јован (Малтешки ред), кои пристигнале во 1530 година, откако османлиската војска ги истерала од Родос. Под нивно владеење островот бил 250 години и за нивно време бил основан главниот град Валет кој е именуван по големиот мајстор генерал Жан Ла Валети под чија команда беше добиена одлучувачката битка против Турците на островот.
Сите патишта на Малта водат до Валет, град со 1500 жители кои го изградија “благородници за благородници”. Папата Пие IV го испрати инженерот Франческо Лапарелија да го подигне градот како тврдина и ремек дело на уметноста. Лапарелија беше потпомогнат од малтежанинот Ѓироламо Кажар и е автор на катедралата Свети Јован во срцето на Валете, каде што се наоѓаат сликите на Караваџо и Матија Претија. Во туристичката понуда постои и приватна куќа на главната улица на Републиката која припаѓа на една од најпознатите малтешки семејства Пиро, чии потомци сѐ уште живеат во неа. Двапати дневно куќата се отвора за туристи под слоганот: “Преку прозорецот на нашата куќа може да погледнете во малтешкото минато”.
На Малта има 365 цркви од сите стилови, облици и големини. Секоја црква има свој светец и своја слава. Од април до октомври, малтешкиот, многу побожен народ, ги прославуваат нивните светии, организираат фестивали и карневали во нивна чест. Тие пукаат петарди насекаде, фрлаат огномети, се е украсено со лампиони и се чуствува празничното расположение меѓу народот.
Најголемата црква на островот е во местото Мосте. Таа е посветена на Блажената Девица Марија и се вика Ротанда. Истата е влезена во сите светски енциклопедии поради нејзината голема купола и начинот на кој таа е градена. Генијалноста беше потврдена во 16 часот и 20 минути на 9 април 1942 година, кога Германците фрлија 1000 килограми тешка бомба врз Ротанда. Бомбата удрила во средината на куполата, се одбила од ѕидовите и паднала на земјата и не експлодирала и куполата останала на свое место до ден-денес.
Туристичката атракција е исто така Мдина, “градот на тишината”, стариот главен град на Малта на кој одкако беше изграден местото на престолнина му го презеде Валет. . Мдина е, истовремено, највисоката точка на островот и се наоѓа на
250 метри н/в. Тој е опкружен со кактуси од кој може да се направи храна и автентичен алкохол.
Леб и Риба еден од симболите на Христијанството .Престојувањето на Малта не би го оправдала синонимот „небесно пристаниште на сред море“, ако не го посетете јужното пристаниште Марсашл, рибарско село во кое се одржува рибниот пазар. Пристаништето е полно со типични дрвени бродови, кои се нарекуваат ЛУЦУ. Тие се препознатливи по живописните шарени бои и нацртани очи кои служат против урок од морските ѓаволи . Риби има многу, разновидни, релативно евтини, но традицијата на исхрана со морска храна полека исчезнува од Малта, каде се повеќе се јаде тестенини , леб, пици и тоа дефинитивно се приметува по градбата и килограмите на локалните жители.
Иако е време на пости ќе направиме мал осврт на храната на Малта која вообичаено е многу вкусна и разновидна.Изненадувачки е отсуството на зачини карактеристични за островот.Специјалитети се салата од зеленчук со козјо сирење, пита со риба, како и тенко сечено телешко месо полнето со мелено месо и зачини во сос од домати и вино. Најголемата атракција е “Hobz biz-zejt”, голем кружен леб “фтира” потопен со маслиново масло и полнет со лук и кромид, домати, туна и козјо сирење. Оргиналното Малтешко вино се произведува во две винарии. Густо е црно, јако и многу, многу вкусно.
Времето на овој медитерански остров на оваа небесно пристаниште на сред море, брзо поминува и туристите сфаќаат дека овој остров треба да го посетат неколку пати за да го почувствуваат духот на Малта, да вдишете мирис, да стекнете сензибилитет, да го фатите ритамот и да научите колку многу се прави о малку.Особено ако сакате да проникнете во духовните тајни на Христијанските објекти и учења кои се заштитен знак на овој остров.
Посетете го нашиот YouTube kanal
За патување на Малта за време на Велигденските празници разгледајте ги овие аранжмани.