Некои од најфотографираните места во светот

најфотографираните места

Секој кој се занимава со фотографирање било да е професионално, или од хоби, има своја листа на најубави места во светот кои би сакале некогаш да ги  фотографираат. Најчесто на листите се туристичките дестинации. Но исто така и места кои е тешко да се достигнат со посебни убавини. Овде издвојуваме некои од најфотографираните места во светот:

Ајфелова кула

Од платформата висока 275 метри, досега повеќе од 200 милиони луѓе го виделе градот со 6 и пол милиони жители, откривајќи го вистинското значење на концептот мегалополис.
Погледот на кулата е подеднакво интересен за фотографите во текот на денот како и ноќе, како и во сите сезони. Ајфеловата кула е едноставно фотогенична и секоја фотографија ја прикажува во сосема ново издание.

најфотографираните места

Таџ Махал

Таџ Махал е архитектонски споменик во Агри, град во индиската сојузна држава Утар Прадеш. Таа била изградена од страна на Могул-владетелот Јахан-шах како споменик за неговата рано почината сопруга, персијката Мумтаз Махал.
Таџ Махал се смета за врвно достигнување на могулската архитектура, со стил кој ги комбинира елементите на персискиот, индискиот и исламскиот архитектонски стил.

најфотографираните места

Галапагос

Галапагос е група на вулкански острови лоцирани на растојание од околу илјада милји од брегот на Еквадор. Тука може да се најдат некои од најретките и најнеобичните видови животни. Од џиновски желки кои можат да бидат тешки, до невообичаени и симпатични птици. Тоа е вистински рај за да направите добра слика.

најфотографираните места

Дубровник

Дубровник го зазеде своето место меѓу врвните светски туристички дестинации. Заслужено и благодарение на историското и културното наследство, црквите и погледите на Јадранското Море. Стариот град Дубровник, камените улици, кулите, ѕидовите, деталите, прекрасните предели и плажите што го опкружуваат … Само овде, што и да фотографирате, мора да изгледа убаво.

најфотографираните места

Мачу Пикчу

Мачу Пикчу, изгубениот град на Инките, е скриен од очите на луѓето повеќе од 400 години. Инките биле староседелци на Перу, а Мачу Пикчу било нивното последно засолниште. Откриен е само малку пред повеќе од 100 години, поточно во 1911 година. Никој не знае зошто и како исчезнале Инките, и се претпоставува дека населението било нападнато од сифилис кој бил пренесен од Европа, а подоцна и од граѓанската војна. Денес Мачу Пикчу е едно од најпопуларните и најфотографираните места во светот.

најфотографираните места

Антарктикот

Ова место е ненаселено. На Антарктикот повремено живеат 10.000 научници од 18 земји, чии истражувачки области варираат од микробиологија до вселената. Антарктикот во текот на летото го посетуваат околу 10.000 туристи. Овде, со вашиот апарат, би можеле да ги добиете најубавите нијанси на снег, мраз, бели блескави пејзажи и мноштво животни со кои нема да се сретнете никаде на друго место.

најфотографираните места

Венеција

Венеција има долга традиција и историја, прекрасни градски погледи, богата архитектура и карневал. Во сите периоди од годината е различен и подеднакво привлечен за фотографите.

Travel AdvisorПатувања.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Пет најубави места за патување периодот

7 места со најдобар поглед на поларната светлина

Најдобрите населби за престој во Рим