Далечна Азија … езотерични патувања

 

Патувања низ Југоисточна Азија низ најлуксузните места за одмор.Ова се основните правци за оние кои никогаш не биле предходно во Азија , затоа бидете спремни за огромен културен шок. Овде можете да се одлучите помеѓу активен авантуристички одмор или идеални сместувања, летаргични места и уживање во природниот мир.

Многупати можете и од помалку луксузни места да извлечете подобро сместување благодарејќи на разноликоста и менталитетот на овдешните култури.Во  Југоисточна Азија има места за луксузни одмори повеќе  од било каде, со многуте илјади острови кои обезбедуваат многу можности за релаксација но и динамика.

Она што е одлично во регионот се ниските цени кои се пониски  отколку речиси на било кое друго место. Можете да уживате во повеќе луксуз на одмор на некој остров отколку што некогаш ќе потрошете дома.

Ако сакате да доживеете различни култури, храна и места, а сепак да имате неверојатно релаксирачки одмор, следниве острови се совршени.

Бали, Индонезија

Бали е популарна туристичка дестинација, а тоа може да ги задржи оние од вас кои сакаат да ги посетат “неоткриените” места и локации. Сепак, таа дестинација е популарна со добра причина. Има неверојатна убавина во културата која ќе ја сретнете  на секоја тесна улица. За сместување и цели аранжмани погледнете подетално овде.Најдобрите луксузни места за одмор во Југоисточна Азија

Додека туристите ги уништија некои од плажите на Бали, постојат многу ексклузивни места каде што без влезница ќе добиете повеќе отколку што сте побарале. Неделен плажа клуб, на пример, е совршено место за да го поминете денот. Можете да лежите покрај плажата на огромен избор на лежалки, дочекани од внимателениот персонал со коктели и вкусна храна. Во секој момент, можете да добиете масажа од 90 минути или рефлексологија (reflexology) за околу 20 евра.

Коломбо, Шри Ланка

Шри Ланка е приказна за себе .Дефинитивно ке се изненадите од големината на главниот град  Коломбо. Има толку многу да се види во Коломбо,од прекрасните плажи до класичните ноќни клубови.

Едно изненадување во Коломбо е тоа што не функционира како островски град. Островските градови имаат тенденција да имаат  малку бавен начин на живот, што е одлично во мали дози, но може малку да е и фрустрирачки. Коломбо е различен. Сè што работи таму е ефикасно како што е во било кој европски економски центар.

Phang Nga, Тајланд

Тајланд е уште една од оние островски земји во кои масовно многу туристите доаѓаат. Повторно, ова е со добра причина, бидејќи тоа не е само многу прифатливо економски, туку тука се и најголемите природни убавини во тој дел од светот. Сепак, туризмот има преобликувано одредени области до тој степен што се чувствувате како да живеете во чудна фантазија на некој недефиниран надреалистички свет.Најдобрите луксузни места за одмор во Југоисточна Азија

Phang Nga за среќа не е многу под ова влијание.Иако е  на Пхукет, сепак е доволно далеку од  патот Bangla Road и неговото влијание  . Таму можете да добиете луксузно сместување и да го поминете своето време релаксирајќи се.Овде може да поминете денови и ноќи лежерен живот на плажа.За подетални информации кликнете овде за да ја разгледате целата програма за Тајланд.

Koh Samui, Тајланд

Кох Самуи е втор најголем остров на Тајланд. И затоа го посетуваат многу туристи. Убава работа за место како Koh Samui е тоа што можете да видете и почуствувате по малку од двата света. Цело време можете да  одмарате во релативна изолација. Или може да се втурнете во преполните пазари, ноќни клубови и барови.Најдобрите луксузни места за одмор во Југоисточна Азија

Каде и да сте во Тајланд, постојат некои основни правила кои треба да се почитуваат. Држете се настрана од атракции каде што животните се лошо третирани.Јавањето на слон може да изгледа како забавна идеја, но кога ќе ги видите условите на кои се чуваат овие животни, ќе сте лути и гневни, и ќе имате чуство на вина за тоа што треба да им дадете  пари на сопствениците на овие измачени животни.

Второ, не дозволувајте некој да ве присилува да правите нешто што навистина не го сакате. Бидејќи откако ќе попуштите и се согласите со тоа, секогаш ќе се испостави дека има „нешто„ за кое не ви кажале, и  ќе ви бараат дополнителен износ пари со таква агресија што ќе им платете за да избегнете проблеми.

El Nido, The Philippines

Ел Нидо е една од оние дестинации што треба да се осетат многу повеќе од колку што треба само да се видат. Се повеќе и повеќе туристи го откриваат тоа, и се сложуваат дека вреди повеќе часовниот лет за да стигнат до Ел Нидо. Природната убавина е навистина чудесна, а и самиот град е привлечен. Шетање по улиците, запирање на фалафел (falafel) и сладолед, купување евтини летни алишта, едноставно ќе се заљубите во овој град.Најдобрите луксузни места за одмор во Југоисточна Азија

Поголемиот дел од сместувањето во Ел Нидо е далеку од луксузен. Но, хотелите и вилите  по патот до самиот град ќе ви дадат удобност што ја посакувате кога ќе го користите овој вид на сместување. Ел Нидо се уште не е “пренатрупан” со туристи, па посетете го и уживајте во овој ориентален врв! Посетете ја нашата страна за  комплетни информации за вашите патувања кон југоисточна Азија.

Travel Advisor – Europa

посетете го и следниот линк YouTube

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да

Виена 2019 уметност на убавината

10 Совети за патување што треба да ги знаете