Пекинг , сите годишни времиња

Пекинг , сите годишни времиња

Есента особено септември , октомври и ноември се сметаат за најдобри месеци за патување во Пекинг. Температурите се спуштаат до удобно 15-25 ° C , а деновите се често сончеви. Дождовите се сведени на минимум, иако нема гаранција дека ќе биде суво. Градот изгледа особено привлечен бидејќи цвеќињата и дрвјата се обоени во нивните есенски бои. Паркот Беихаи и ботаничката градина во Пекинг посетете ѓи задолжително. Уште повеќе, септември е единствениот месец кога музејот во Пекинг  ги прикажува своите најценети  слики.

Пекинг , сите годишни времиња

Во зима Пекинг станува , многу студен. Температурите можат да се спуштат до -9 ° C , а снегот знае да биде чест „гостин„ . Многу е важно да спакувате пријатна топла облека.И покрај ова, зимата може да биде одлично време за патување во градот бидејќи  има многу малку  туристи. Уште повеќе, ако сте во Пекинг за време на кинеската нова година (паѓа на 16 февруари ), можете да учествувате на сите свечености што градот ги нуди, од огномет до пролетниот фестивал Гала.

Пекинг , сите годишни времиња

Од јуни до август, температурите може да достигнат високи 40 ° C , со  обилни врнежи од дожд и голема влажност. Ова сепак не ги одврајќа меѓународните туристи, кои доаѓаат во Пекинг во овој период од годината. Од друга страна, Големиот Кинески Ѕид  изгледа особено неверојатен во сончевите денови.Исто така, можете да уживате во лежерно возење со чамец на езерото Кунмин, во Летната палата или да избегате од горештината, со посета на еден од улиците на Хутонгс (традиционални тесни улици или населби).

Пекинг , сите годишни времиња

Пролетта  април и мај се исто така добри месеци за посета на Пекинг, бидејќи ова е време кога цвеќињата почнуваат да цветаат. Температурите варираат (од 0-25 ° C), па спакувајте многу тенки алишта и неколку пара топли чорапи. Исто така, има помалку туристи, па можете да ги истражувате познатите културни места во релативен мир.

Пекинг , сите годишни времињаЦените на хотелите исто така имаат тенденција да се намалат овој период од годината во споредба со  летни месеци.