Есенски дестинации , Милано

Duomo di Milano

Duomo di Milano е еден од најимпресивните верски објекти во Европа. Се наоѓа во центарот на градот на истоимениот плоштад. Под плоштадот има метро станица, така што оваа локација е лесно достапна. Катедралата е градена долго време, околу 500 години. Изградбата започнала во 1386 година, а била завршена во времето на владеењето на Наполеон.

Причината била тоа што Наполеон сакал во неа да биде крунисан за крал на Италија. После катедралата на Свети Петар во Рим и Севиља, Дуомо е трета по големина катедрала во светот. Гледајќи ја од надвор, изгледа совршено, со повеќе од 2000 статуи од бел мермер врежани во неа. Сигурно е една од најубавите во светот. Импресивната архитектура и уметност се исто така видливи и внатре со Распнувањето кое е дело на Леонардо Да Винчи. Ако сакате да ги избегнете гужвата и долгото чекање, посетете ја пред девет часот кога се отвора. Билетите можат да се купат онлајн или преку туристичка тура низ катедралата.

најпознати градби во Милано

Галерија Виторио Емануеле II

Постои уште една импресивна градба на истиот плоштад спроти катедралата. Вреди да се посети веројатно најубавиот трговски центар во светот. Ако не сте заинтерсирани за купување, прошетајте и восхитувајте и се на архитектурата. Посебна е голема гужвата пред дизајнерските бутици. Најдобро е да седнете на тераса, да нарачате макијато и да уживате и дозволите времето да минува.

најпознати градби во Милано

Златен триаголник

Можеби најдобрите улици за шопинг во светот се Via della Spiga, Via Sant, Andrea и Via Montenapoleone кои се наоѓаат во Милано. Овде не постојат само продавници на високата мода, туку и цели згради каде што владее посебен свет. Покрај италијанските креатори како Dolcce and Gabbane, Versace, Armani, Etra и други, овде своето место го пронајдоа и другите познати брендови. Толку ексклузивни продавници на таков мал простор не постои никаде на друго место. Rodeo Drive во Беверли Хилс е само копија на Милано.

Последната вечера

Една од најпознатите слики во светот, делo на мајсторот Леонардо да Винчи, се наоѓа во Милано. Муралот се слика на сува површина па на тој начин се добива висок сјај. Сликата е создадена во период од четири години. Се наоѓа во црквата Santa Maria delle Grazie во Милано.

најпознати градби во Милано

San Siro

После посетата на духовните и модните објекти, треба да биде посетен и фудбалскиот храм. Сан Сиро е еден од легендарните стадиони кои им се познати на сите навивачи на фудбалот. Двата градски клубови А.Ц. Милан и Интернационале се многу популарни, па стадионот кој собира 80.000 навивачи често е премногу мал. Ако имате можност и го сакате фудбалот, Сан Сиро е еден од објектите кои треба да ги посетите.

најпознати градби во Милано

Посетете го нашиот YouTube канал.

Најубавите градови во Европа

Божиќни саеми во Европа

Пет најубави места за патување периодот