Пет најубави места за патување периодот

Зимата е период во кој цените во многу дестинации низ целиот свет се многу поволни. Една од причините е лошото време, но тоа не е случај секаде. Петте најдобри места за патување во зима.
Авионските билети во Last Minute – понудите можат да бидат поповолни од вообичаено, а хотели и апартманите, исто така. Исто така предноста е што во многу градови и одморалишта, кои обично се преполни со туристи, во овој период нема гужва.

Маркакеш, Мароко

Jemaa El-Fnaa е едно од најживописните места на африканскиот континент. Според многумина, овој град е првиот избор за егзотично патување. Не е далеку, а сепак претставува влез во сосема поинаков свет во кој важат други правила и обичаи. Тоа е град кој ги воодушевува своите посетители со својот шарм и посебност. Многумина забораваат каде се, но тоа може многу да ги чини, затоа што тие се далеку подобри трговци од Европејците. Но сепакточно е дека тие продаваат толку многу убави и интересни работи што би сакале да ги однесете дома.

Сан Диего, Калифорнија

Зимата е еден од најдобрите периоди за посета на овој град, за кој многумина тврдат дека е еден од најубавите во САД. Вистината е дека градот е првенствено летна дестинација, но сама по себе е доволно голема и богата со атракции, така што недостатокот од туристи овој период е само плус. Тука се наожа и една од најдобрите зоолошки градини во светот. Исто така се оджуваат голем број настани и фестивали како што се SD Beer Week, Jazz Fest и Фестивалот за вино и храна.

Хавана, Куба

Во Ноември започнува сувата сезона на Карибите и Куба. Ураганите се повлекуваат од Карипското Море, па доаѓа времето со многу сонце и сино небо. Хавана е многу привлечен град и покрај тоа што е занемарен и го нарекуваат “Најубавиот запуштен град на светот”. Ел Малекон е еден од најубавите булевари долж брегот, стариот град е како забавен парк за возрасни со големи барови и многу музика. Освен градот има многу да се види и во оклината.

Буенос Аирес, Аргентина

Во ова време од годината, кога топлината поминува, се враќа жовотот на улиците. Температурите од 20 до 25 степени се идеални за да се остане надвор. Baires, како што го нарекува локалното население, е еден од најзабавните градови во светот. Овој град се одликува со голем контраст во културите и луѓето што го населиле и кои го зачувале нивниот речник и се помешале со другите. Постојат неколку градови кои можат да понудат таква меѓународна мешавина на култури и храна и секако одличните вина од Мендоза. Град на  тангото, виното и фудбалот. Доволно за да си поминете прекрасно.

Чијанг Мај, Тајланд

На ова место се одржува фестивалот на полна месечина во дванаесеттиот лунарен месец. Тоа значи ослободување на илјада фенери од хартиени кеси, кои носат свеќи. Фотографиите од овој фестивал одамна го воодушевија светот и многу градови го копираат, иако веројатно не знаат од каде потекнува традицијата и нејзиното значење.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Острови во Тајланд за кои сонувате!

Некои од најубавите острови во светот

Најубавите земји во светот