Пи Пи Острови

Пи Пи Островите се група на острови во Тајланд, сместени меѓу островот Пукет и Малачкиот Проток. Групата има вкупно шест острови од кои поголемите и главни се Пи Пи Дон, единствениот со постојано население, и Пи Пи Ле.

Пи Пи Островите се група на острови во Тајланд, сместени меѓу островот Пукет и Малачкиот Проток. Групата има вкупно шест острови од кои поголемите и главни се Пи Пи Дон, единствениот со постојано население, и Пи Пи Ле.

Она по што се познати островите е филмот „Плажата“ (The Beach) од 2000 година во кој главната улога ја игра Леонардо ди Каприо. Повеќето сцени од филмот биле снимени на заливот Маја.

Кога станува збор за транспорт до Пи Пи, на архипелагот нема аеродром, па единствениот начин е да пристигнете со брод. Исто така, има само мал број возила на островот, па главно се пешачи или се користат велосипеди или мотоцикли.

Најголемата населба на островите е Тон Саи, сместена на главниот остров Пи Пи Дон. Целото село како и островот, кој инаку има форма на буквата Н, може да ги погледнете од гледиштето на источните ридини, на надморска височина од 186 метри, до каде со пешачење се стигнува за околу половина час.

Најпогодната сезона за посета на Пи Пи е од ноември до крајот на март, кога има помалку врнежливи денови и времето е суво. Тогаш не постои проблем да ја користете било која плажа на островот, но откако ќе започне сезоната на монсуните, брановите се повисоки и пливањето не e безбедно.

Залив Маја

Заливот Маја се наоѓа на вториот по големина остров Пи Пи Ле. Заливот e затворен од трите страни со карпи високи стотина метри. Станува познат по снимањето на филмот „Плажата“ во 1999 година, базиран на истоимениот роман на Алекс Гарленд.

Дел од активностите кои може да ги правите на заливот е нуркањето низ кристално видливата вода и големите подводни камења украсени со корал, како и да пробате морско кајакарство кое е доста популарно овде.

Викиншка пештера

На Пи Пи Ле островот исто така се наоѓа и Викинг пештерата, сместена на североисточниот дел од истиот. До таму се стига за околу половина час со брод од главното пристаниште во Тон Саи.

Пештерата го добива името по слики пронајдени на ѕидините на пештерата на кои се насликани различни видови на бродови, меѓу кои е и скандинавски дракар брод.

Освен тоа, пештерата ви нуди да се запознаете со една од најпрофитабилните местни индустрии – бербата на т.н. јадливо птичје гнездо, за кое се верува дека е добро за здравјето и за вашето тело.

Бамбусов остров

На север од Пи Пи Дон се наоѓа Бамбусовиот остров, чија површина е целосно опкружена со плажи, така што е одлична шанса доколку сакате да побегнете од останатите фреквентни места.

Помеѓу овој остров и главниот остров Пи Пи Дон се наоѓа значаен корален гребен кој ќе ви даде пливачко искуство како да се наоѓате во вистински аквариум.

Погледнете ја програмата за посета на Тајланд на Туристичката агенција Атлантис