Плажата Кута – Занимливости и кратко видео

За Кута која важи за едно од најпосетуваните места на Бали, се слушнале сите. Кута е живо место кое постојано се развива и секогаш има да понуди нешто ново, интересно и егзотично.

Dream Museum Zone или накратко DMZ е интересна атракција во затворен простор и е идеална за дождливи денови. Се состои од големи атрактивни слики на ѕидовите. Некои од нив се феноменолошки реалистични. Убаво место за да се  помине време со децата.

Circus Water Park се наоѓа во Тубан и е малку помалa и поевтинa верзија од познатиот Waterbom Park со слични топогани и други атракции на вода. Oдлична забава за семејствата со деца.

Armanda Flow House е за оние кои сакаат да научат да сурфаат. Забавно место каде што брановите ги има секогаш и во секоја доба. Тие се вештачки, но добри за да се научи да се сурфа и потоа да се дојде на плажа како искусен експерт. За деца, тоа е добар избор, бидејќи сè е под контрола и подобро е да се научи под контролирани услови.

Vihara Dharmayana е храм кој е добро познат и под имињата Leeng Gwan Kuta и кинескиот храм Kongco Bio Kuta. Овој храм е еден од најважните верски објекти во Кута. Се наоѓа во сивата улица. Поради шарениот покрив може да се види од далечина. Будистичкиот храм е, како што велат, стар преку 200 години.Upside Down World Bali е уште една забавна атракција на затворено. Се влегува во седум посебно дизајнирани соби што внатре изгледаат како се да е наопаку обрнато.

Waterbom Bali е лоциран покрај Jalan Kartika плажата.Топоганите и водените атракции се најдобри на овој остров и денот дефинитивно ќе Ви биде исполнет со смеа и забава.

Театарот во Кута e нова и интересна атракција за целото семејство. Се состои од неколку сцени на кои се одвиваат разни претстави. Постои можност да се земе и пакет со вечера.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Островот Бали – што да се посети?

Некои од најубавите острови во светот

Балоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее