Прво патување за Кина

Прво патување за Кина

 

Што да знаете пред вашето прво патување во Кина

Секоја година, милиони туристи ја посетуваат оваа егзотична и раскошна земја. Патниците кои го посетуваат “Црвениот змеј” за прв пат ,треба да знаат многу информации.

Прво патување за Кина

Земете  виза навреме. Контактирајте ја амбасадата  пред да купите билет. Понекогаш чекањето на визата може да биде подолго од очекуваното, така што подготовката е многу важна. Неопходно е да се добијат авионски билети, детални маршрути и резервации.Добра опција е и сето тоа да им го одстапите на професионалци а за повеќе информации кликнете овде.

Прво патување за Кина

2) Во Кина, некои веб-сајтови на кои сте навикнати, како и некои социјални мрежи, нема да ви бидат достапни. За да го превенирате тоа навреме  преземете некои од VPN-апликациите.

Прво патување за Кина

Парите во кеш ви се многу  важни. Хотелите и рестораните во поголемите градови примаат Visa и MasterCard, но пари во кеш ви се потребни за сè друго , така што секогаш имајте доволно пари со вас. Надвор од градовите, банкоматите се ретки. За сите плајќања се користат  само Јуани.

Прво патување за КинаПред да ја посетите  Кина, пријавете во вашата банка дека патувате за Кина, бидејќи постои можност  вашите трансакции да бидат автоматски блокирани.
Во кина не е вообичаено да се дава „service charge„ (напојница , бакшиш). Во големите градови, во некој популарни ресторани можат да наплаќаат „service charge„ , но тоа се многу ретки случаи.

Прво патување за Кина

Избегнувајте вода што не е во шишиња. Дури и миење на забите. Исто така, не купувајте вода од секаде. Има многу фалсфикувани води кои се полнети од чешма а потоа им се стават оригинални капачиња затоа купувајте вода  само во брендирани продавници за храна.

Прво патување за Кина

 

Слично е и со алкохолните пијалоци. Ако вискито е ефтино, тоа значи  дека е фалсфикат, оваа важи за сè што е евтино во Кина  или не е добро или не е здраво.

Прво патување за Кина

Ценкањето е вообичаено на пазарите или во локалните продавници за сувенири . Во големите продавници цените се истакнат.

Прво патување за Кина

Ако патувате во Кина, добро е со себе да  имате тоалетна хартија, влажни марамчиња и течност за стерилизација. Во јавните тоалети, па и во многу ресторани и локали немаат хартија.
Секогаш носете го пасошот со вас. Хотелите мора да ве пријават и нормално е да ви  побараат документи. Можно е да ве застане полиција на улица и да побара да ве  легитимира во тој случај не е добро  да немате документ. Ако ништо друго  треба да имате фотокопија од пасошот.

Прво патување за Кина

Бели луѓе има многу во Кина, но кинезите се многу повеќе :). Нормално е да очекувајте дека ќе бидете во малцинство и дека заедно со некои туристички атракции многумина кинези ќе сакаат да се сликаат со вас. Особено ако имате сини очи, бидејќи според кинеските легенди само  демоните имат таква боја на очите.

Прво патување за Кина

На аеродромот треба да пристигнете најмалку три часа пред летот поради големите гужви на контролите. Ретко кога авионот полетува на време  и очекувајте закаснувања.

Прво патување за Кина

Таксињата се поевтини од европскиот просек, но треба да се знае дека повеќето возачи не знаат англиски јазик. Пожелно е да имате адреса напишана на кинески.

Прво патување за Кина

Кинезите не користат марамчиња, го чистат носот и плукаат на улица. Колку тоа на нас ни изгледа непријатно, кинезите кога гледаат дека странците користат марамчиња исто така се чудат.

Прво патување за Кина

Кина е една од најинтересните земји во светот. Богата со култура, историја, одлична гастрономија и пријателски настроени луѓе, оваа земја нуди „чуда“ во секој сегмент. Кина е “must see” дестинација и подетални информации за комплет аранжмани за кина разгледајте овде.

Travel Advisor

YouTube

Каде туристите најмногу трошат пари

До 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот

Знаете ли кои инсекти можат да се јадат?